14 Декември, 2025
0.3125

„МАКЕДОНИЈА2025“ И ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД ЌЕ ДОДЕЛАТ 40 СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2023 12:39

Добивај вести на Viber

Македонија 2025 и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД распишаа отворен повик за доделување на 40 (четириесет) стипендии за талентирани студенти „Атанас Близнакоф„ за учебната 2023/2024година.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои ќе се запишат во прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Истите се доделуваат на студенти кои постигнале исклучителни резултати и успех во средното образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но и кои немаат доволно средства за продолжување на образованието на факултет или област од интерес. Висината на стипендијата изнесува 2,500 американски долари годишно, по лице, и претставува највисок фонд за доделување на стипендии во нашата земја. Корисниците на стипендијата кои редовно и со успех ќе напредуваат во студиите можат да ја користат стипендијата сé до завршувањето на студиите од првиот циклус.

Ова е втора година како организацијата Македонија2025, го администрира изборот на стипендисти преку Атанас Близанкоф програмата за студентска извонредност. Во 2021 година, Македонија2025 (Фондација МК2025) беше назначена да го спроведе отворениот повик за стипендирање на 40 средношколци кои започнуваат прва година на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за академската 2021/2022 година. Таа година, наместо првично планираните 40 стипендии, „Фондацијата Атанас Близнакоф“ во САД одлучи да додели 132 стипендии за усовршување на студентите. На секој примател му беше доделена стипендија од 120.000 МКД годишно (што беше еднакво на 2.500 УСД). Како резултат на тоа, во 2022 година, Каталист, регионална фондација со седиште во Белград посветена на поттикнување и трансформирање на филантропијата во земјите од Западен Балкан, ја вклучи програмата за стипендии „Атанас Близнакоф„ на Македонија2025 во својот „Giving North Macedonia 2021: Report on the State of Philanthropy “ како една од Шампионите на филантропијата - истакнувајќи ги добротворните иницијативи кои имаа значително влијание во 2021 година. Од 2023 година, Македонија2025 го продолжува своето партнерство со „Фондацијата Атанас Близнаков“ во САД за да ги администрира претстојните отворени повици и да обезбеди континуитет на правата за стипендирање на сегашните стипендисти.

Основоположник на Фондацијата Атанас Близнакоф бил иселеникот Атанас Близнакоф, роден во 1901 година во костурското село Д'мбени. Во 1920 година го напуштил родниот крај и заминал во САД каде што живеел и работел до 1976 година кога и ја основал фондацијата. Неговата фондација е прва и најголема фондација на македонски иселеник.

Македонија2025 сака да изрази благодарност до „Фондацијата Атанас Близнакоф“ во САД за поддршката на студентската извонредност во Македонија, за поттикнување и развивање на талентот, создавање на врвни професионалци и лидери кои ќе носат позитивни промени во општеството и економијата.

Краен рок за аплицирање на повикот е 15 октомври 2023 година.

Следете го следниот линк за повеќе информации и условите за аплицирање за стипендија: https://macedonia2025.com/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-40-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b8%d0%b5%d1%81/

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија