Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД
Објавено во: Мои пари 04 Март, 2024 11:16
Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори - Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management)во САД.
Кандидатите ќе имаат можност да аплицираат на Програма за развој на извршни директори-Зафировски, програма која се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвивабизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија.Програмата за обука на извршните директори е дизајнирана во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство прекувнимателен баланс на функционално знаење, стратешко размислување, ставајќи акцент на меѓучовечки и лидерски вештини. Таа е дизајнирана да овозможи проширување на разбирањетп за улогите, одговорностите и интеракциите на клучните функционални деловни области за да ви даде поголема доверба во управувањето со нив; зајакнување на способноста за интерпретација и примена на информации од функционални области за солидно, целосно информирано донесување одлуки;, предизвикувајќи го размислувањето со примена на нови концепти и пристапи за поагресивно натпреварување на глобалниот пазар, како проширување на светоглед со нови перспективи и практично знаење стекнато преку соработка со меѓународна група врсници. Ова ќе придонесе кон личен развој и раст на учесникикот, но и понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија.

Фондацијата Робин и Мајк Зафировски ја поддржува Програмата за извршни директори – Зафировски уште од 2017 година. Македонија2025 искрено ја цени нивната посветеност и придонес кон развивање и раст на идните 100 бизнис лидери во земјата. Досега во рамките на програмата се образовале над 40-тина македонски врвни бизнис професионалци од различни индустрии, кои се развија во влијателни и прогресивни членови на македонското општество.

Повикот е отворен до 1 април 2024 година.
За повеќе информации за критериумите, начинот на аплицирање, селекција, но и споделени лични искуства од поранешни учесници, посетете да најдете на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапна ТУКА.
За сите дополнителни прашања контактирајте нè на nena@macedonia2025.com.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




