Македонија со поголем економски пад од просечниот на ниво на Западен Балкан
Објавено во: Економија 03 Мај, 2021 10:50
Кризата КОВИД-19 предизвика сериозни штети на сите економии на Западен Балкан во 2020 година, констатира Европската комиија, а пандемијата најдобро економски ја поднесоа Србија и Албанија.
Кризата КОВИД-19 предизвика сериозни штети на сите економии на Западен Балкан во 2020 година. Економската активност беше сериозно нарушена од рестрикциите кои имаа најсилно влијание во вториот квартал, додека економиите покажаа знаци на закрепнување во втората половина од 2020, кога се олеснија ограничувањата и се зголемија економските активности, особено во производствениот сектор ориентиран кон извоз, проценува Европската комисија во својот последен квартален извештај за земјите-кандидати и потенцијални кандидати.
Според извештајот, Србија е земјата што полесно ја надмина кризата, со пад од само 1отсто, како резултат на стабилната економска структура и значителниот фискален стимул. Потоа, тука е Албанија, со пад од 3,3 проценти, помогната од подобрувањето на економијата во последниот квартал од годинава.
Според извештајот, во повеќето земји, падот во 2020 година бил воден од острото намалување на приватната потрошувачка и инвестициите, додека нето-извозот имал различен ефект на раст. Црна Гора забележа најсилна економска штета. Реалниот БДП падна за 15,2%, за разлика од зголемувањето од 4,1% една година претходно, главно како резултат на падот на извозот на услуги (имено туризмот).
И во Босна и Херцеговина и во северна Македонија, БДП се намали за 4,5% во 2020 година, најмногу поради наглиот пад на потрошувачката на домаќинствата и инвестициите. И во двете земји, економскиот раст беше поддржан со позитивен придонес во растечкиот нето извоз, додека во случајот на Северна Македонија, исто така, со јавната потрошувачка. На Косово, проширувањето на потрошувачката на владата го ублажи падот на годишното економско производство на околу 3,9%.
Генерално, БДП во регионот на Западен Балкан се намали за 3,3% во 2020 година, од просечната стапка на раст од 3,6% во 2019 година. Ова е прв пад на годишното производство на регионот по 10-годишно проширување.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




