09 Мај, 2024
0.0377

Македонија со лошо здравство ќе претрпи поголема економска штета, следува голем пад на БДП

Објавено во: Економија 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Виенскиот институт за меѓународни економски студиисоопшти дека земјите во Централна, Источна и Југоисточна Европа се исправени пред нивната најлоша година од глобалната финансиска криза во 2007- 2008 година поради пандемијата на коронавирус.На Македонија и се предвидува пад на бруто домашниот производ од 3,4 на 1,7 отсто. Заклучокот е дека земјите со поквалитетен и напреден здравствен систем ќе претрпат помала економска штета.

Земјите со повисоко ниво на трговска интеракција со Кина или Италија (особено Албанија, Бугарија, Хрватска, Романија и Словенија) ќе бидат полошо погодени, истакна институтот. Земјите што се потпираат на туризмот, како Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора, исто така, ќе бидат многу погодени.

„Капацитетот на здравствените системи за справување, исто така, веројатно ќе се разликува значително во целиот регион. Земјите-членки на ЕУ во регионот се генерално побогати, имаат подобри здравствени системи и имаат поголем капацитет да донесат експанзивна фискална и монетарна политика за да го неутрализираат падот“, смета институтот.

Повеќето земји во регионот ќе искусат барем техничка рецесија. Во најсериозното сценарио се претпоставува дека ширењето на вирусот може да се одржи до средината на 2020 година и дека е потребен силен и координиран одговор на политички мерки донесени од најголемите светски економии. Меѓутоа, доколку не се исполнат тие услови, економскиот исход ќе биде уште понегативен и долготраен, истакна институтот.

„Севкупно, очекуваме голем дел од изгубениот БДП да биде надоместен подоцна. Не можеме да исклучиме потежок и подолг шок на побарувачката и рецесија во делови на земјите од Југоисточна Европа, заклучи институтот.


Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните