27 Април, 2024
0.1447

МАКЕДОНИЈА СЕ „ДОКАМЧИ“ ДО 550 МИЛИОНИ ЕВРА, задолжувањето кај ММФ и Светска банка го помина собранискиот филтер

Објавено во: Економија, Финансии 14 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Заемите од Меѓународниот монетарен фонд и од Светска банка го поминаа собранискиот филтер, и наскоро средствата кои овие институции ни ги страваат на располагање ќе може и да се користат. 

На денешната седница во Собранието по скратена постапка изгласани се предлог-законите за задолжување на Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Воедно пратениците го изгласаа и задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии.

На јавноста веќе и е познато дека од ММФ побаруваме 530 милиони евра

Од податоците кои се објавени во предлог законот за за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка може да се види дека вкупната вредност на проектот изнесува 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку Светска банка. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии. 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во процедурална забелешка истакна дека „лошите економски перформанси на Владата ги гледаат меѓународните финансиски институции и банките и затоа задолжувањето со еврообврзница ќе биде исклучително скапо и со камата од осум проценти“.

- Овие денешни закони доаѓаат во една многу лоша економска состојба, која е аларманта. Јавниот долг од 2017 година е зголемен за три милијарди евра, односно за 600 милиони евра годишно. Принципиелно сме против задолжувањето што само вие знаете да го направите, без одредени мерки и визија за продолжување натаму, зашто цената на крајот ќе ја платат граѓаните, а може да се доведе во ризик и обезбедувањето пензија, исплата на плати, студентскиот стандард и сите реакции на граѓаните, истакна Мицевски.

Тој нагласи дека со цел да докажат дека не се кочничари на законите во Собрание, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат за носењето на овие Предлог-закони, зашто, како што рече, ММФ и Светската банка „ќе го контролираат трошењето на јавните пари и нема да дозволат Владата да краде како до сега“.

Заменик министерот за финансии Филип Николоски на седницата образложи зошто Владата бара овие закони да бидат донесени по скратена постапка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски побара дневниот ред на седницата да биде дополнет со точка Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк, што од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери беше одбиено, со образложение дека таа точка е ставена на дневен ред на заседанието што ќе се одржи на 16-ти ноември.

– Апелирам доколку се грижите за студентите да го поддржите решението на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група и оваа сага конечно да се надмине. Денешниот протест на студентите пред Собранието го оправдувам и поддржувам, бидејќи барањата на студентите се скромни. Апелирам, не мора тоа да се поени на ВМРО-ДПМНЕ, ако сакате и вие потпишете се на тој закон, нека биде заеднички, бидејќи студентите се иднината на Република Македонија, рече Јаулески. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра