20 Декември, 2025
0.0551

МАКЕДОНИЈА ПОБАРАЛА АРАНЖМАН ОД ММФ: Се бара Заем за претпазливост и ликвидност

Објавено во: Економија 21 Април, 2022 10:31

Добивај вести на Viber

Македонија побарала од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) двегодишна линија - Заем за претпазливост и ликвидност таканаречен ПЛЛ. Оваа кредитна линија е достапна за земјите-членки на Фондот кои имаат здрави економски основи, добра политичка рамка и политика, а линијата може да помогне во заштитата на економиите од надворешни шокови преку однапред обезбеден пристап до ресурсите на ММФ. Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд се состанал на 15 април и неформално дискутирале за барањето на македонските власти.

Како што дознаваме тим од ММФ сега ќе ја посети Македонија за да се консултира со властите за нивното барање. 

„Поради здравите економски основи и рамки на политиките на Северна Македонија, како и нејзиното досие за здрави политики и во очекување на договор на ниво на персонал со властите за политиките, директорката на ММФ Кристалина Георгиева има намера да му препорача на Извршниот одбор на ММФ одобрување на аранжманот PLL. Извршниот одбор на ММФ се очекува да се состане во следните месеци и официјално да го разгледа барањето. ММФ е подготвен да продолжи да ја поддржува Северна Македонија во овие исклучителни времиња, велат од ММФ.

ПЛЛ обезбедува финансирање за задоволување на реалните или потенцијалните потреби на платниот биланс на земјите со здрави политики и кои може да имаат некои ранливости. Наменет е да послужи како заштитна помош или да помогне во решавањето на кризите во широки ситуации. ПЛЛ аранжманите може да имаат времетраење од шест месеци или од една до две години. 

Инаку од тоа колку трае аранжманот зависи и висината на сумата на аранжмано, а се пресметува како процент од квотата. 

Моментно во Вашингтон на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои се одржуваат оваа недела учествува и делегација од Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Македонија користеше двегодишен PLL аранжман - Заем за претпазливост и ликвидност во вредност од околу 473,9 милиони евра или 600 отсто од квотата која и следува на земјава во 2011 година. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба