Македонија пат до Владата: Ќе рикнеме со старци и амортизирана опрема
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2018 07:00
ЈП Македонија пат сумирајќи го годишниот извештај за 2017-та година ја повика Владата да стори се за да се внесе „свежа крв“ кај рабониците во претпријатието што го води Д-р Гајур Кадриу и да ја обнови застарената опрема. Во заклучокот за определување на насоките од таму алармираат дека просечната старост на кадарот е 52 години, а 95 отсто од машините се амортизирани.
- Доколку не ја добиеме поддршката и помошта соодветна на барањата кои се реални за да се одговори на задачата, може да се случи од преголема оптеретеност во посветеноста на Раководството за придвижување на резултатите и успех во работата да откажат постоечките ресурси. Затоа под итно предлагаме целосно реновирање на возниот парк и наитни вработувања за надминување на горенаведените тешкотии - пишува во дел од извештајот кој наликува на повик до надлежните.
Вкупната вредност на механизацијата која некогаш била купена ганц-нова и вредела 1,487 милијарди денари, сега вреди само 66,7 милиони денари, што е намалување на вредноста за 95 отсто. Од претпријатието се жалат до надредениот орган дека на овој начин само се прават непотребни трошоци за нејзино одржување и нови делови.
- Од овие показатели јасно се гледа дека процентот на амортизираност изнесува 95,51 отсто, што е повеќе загрижувачки во смисол дека претпријатието работи со скоро целосно амортизирана опрема, што е причина за многу високите трошоци за резервни делови и услуги за одржување во исправна состојба - се вели во извештајот, кој повеќе наликува на поплака.
Вкупните приходи за 2017 се безмалку милијарда денари, односно повеќе од 16 милиони евра и се намалени за 2,74 отсто во однос на една година претходно. Редовните приходи во вкупните изнесуваат со уество од 95 отсто што е висок процент и истите се намалени за 3,11 отсто во однос на 2016-та. Вкупните расходи се 931 милиони денари и се намалени за 5,77 отсто. Тука влегуваат потрошени суровини и материјали, трошоци за електрична енергија, трошоци за гориво, транспортни услуги и услуги за одржување и заштита, услуги за зимска служба,
Обврските кон добавувачи се огромни и изнесуваат 521 милион денари, од кои 188 се со извршни судски решенија кои чекаат наплата во деловните банки. Неисплатениот ДДВ се уште е висок, а претпријатието должи и по една бруто-плата за вработените од крајот на минатата година. Од друга страна побарувањата се само 55 милиони и намалени се дури за повеќе од една третина за истиот период лани.
Бруто-платите бележат намалување за 3,14 отсто, а како причина се наведува намалениот број на вработени поради пензионирање и смрт. Бројот на работници е намален од просечни 804 на 790, а бруто-платата е 29.9 илјади, што е помалку од просечната.
Од залихите, снабдувањето е зголемено речиси на се, освен на личната заштитна опрема за безмалку 2,4 милиони денари помалку во однос на лани, или повеќе од 60 отсто.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




