26 Април, 2024
0.0317

Македонија направи рекорден увоз во недостиг на струја од јаглен и вода

Објавено во: Економија 10 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Македонија направи рекорден увоз во недостиг на струја од јаглен и вода

Нето-увозот на електрична енергија лани изнесувал огромни 31,38 отсто од потрошувачката, објави Регулаторната комисија за енергетика во својот последен годишен извештај. Тоа е голема разлика во однос на изминатите две години кога интервентниот увоз бил 24,39 во 2019 и 26,02 во 2018. 

Вкупниот увоз, за кој што е општопознато дека е доста поскап на берзата, за потребите на потрошувачката во земјата изнесувал 2.341 гигават часови наменети за домашните потреби, што е многу повеќе купена струја од странство во однос на изминатите две години кога внесот бил 1.825 во 2019 и 1.923 во 2018. Извозот на електрична енергија произведена во нашата земја во 2020 година се зголемил од 586 на 639 гиват часови, но е поголем за 70 отсто во однос на 2018 кога тој бил 376.

Проблемите со недостигот од вода во хидроцентралите, но и делумно блокираните производствени капацитети на термоелектраните поради технички зафати го намали производството на електрична енергија лани. Состојбата на терен беше драматична, пред се од аспект на водостоите на вештачките акумулации. Во услови на криза, интервентниот увоз отвора и повеќе други дилеми, пред се околу цената на набавената струја, но и пристапот до доволни количини. 

Ова е најголем пад во производството на електричната енергија во Македонија во последните десет години, според она што го објави РКЕ, а најмногу за тоа е „заслужен“ АД ЕСМ. Забележан е пад од 6.476 во 2010-та на 3.643 гигават часови во 2020, или за 44 отсто во проценти. Има намалување на производството на електрична енергија и кај хидроелектроцентралите и кај термоелектроцентралите. 

„Причините за трендот на намалување на производството во термоелектроцентралите се многубројните дефекти и прекини во работата на РЕК Битола, намалување на ископаните количества и на квалитетот на јагленот во РЕК Битола, приближување кон крајот на животниот век на термоелектроцентралите и несоодветните инвестиции, намалување на ефикасноста во работењето и друго. Во 2020 година АД ЕСМ се соочи и со поплава во рудниците во РЕК Битола, којашто доведе до подолготраен прекин на производството. Термоелектроцентралата „Осломеј“ во последните 3 години има многу мало производство на електрична енергија, пред сè поради тоа што целокупните резерви на јаглен во РЕК „Осломеј“ се веќе искористени. Производството на електрична енергија во АД ЕСМ, во 2020 година, е речиси преполовено во однос на 2011 година, односно изнесува само 52 %. И покрај ова, електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија е стабилен и снабдувањето со електрична енергија е континуирано, пред сè поради добрите интерконективни врски со соседните електропреносни системи“, се вели во извештајот на регулаторот.

Домашната струја изнесувала само 5.128 гигават часови, што е за 9,38 отсто помалку отколку во 2019 година. Од друга страна, производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, со вклучување и на големите хидроелектрични централи, изнесува 1.499 гигабат часови, и е зголемено за 9,5 проценти од 2019 година. Од  термоелектроцентралите изнесува 3.629 и намалено е за 15,4 проценти. Ова намалување се должи на намаленото производството на електрична енергија од термоелектроцентралите на јаглен, коешто во 2020 година изнесува 2.506 гигават часови, што е намалување за дури 24 отсто во однос на производството на електрична енергија од термоелектроцентралите на јаглен во 2019 година. Производството на електрична енергија од термоелектроцентралите на јаглен во 2020 година е помало за 4 % и од производството на електрична енергија во 2018 година. Бруто-потрошувачката во Македонија споредено година за година останала речиси иста.

Позитивен момент претставува вкупното производство на електрична енергија за 2020 година од обновливите извори на енергија кои учествуваат со 29,22 отсто во обезбедувањето на струјата и истото е поголемо за за 21 отсто, во услови кога тоа од термоелектроцентралите е помало се намалило за 6,7 отсто за една година. Како позитивно е оценето и учеството во производството од страна на обновливите извори на енергија со речиси 30 отсто во целокупното производство.

РКЕ смета дека само поддршка од државата на планови за развој и инвестиции во големи хидроелектроцентрали или термоелектроцентрали на природен гас можат да обезбедат стабилност во електропреносниот систем на долг рок како баланс на намалувањето на продуктивноста на РЕК Битола.

„Но, за жал, интересот за изградба на вакви големи електроцентрали е многу мал не само во нашата држава туку и во поширокиот регион, односно нови големи електроцентрали не се во изградба ниту во регионот. Поради ова потребно е надлежните институции да преземат конкретни мерки за привлекување на инвестиции во овој дел од енергетиката, затоа што, како и кај другите енергетски објекти, временскиот рок за изградба на големи електроцентрали е значително долг, односно е повеќегодишен“, предупредуваат од комисијата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра