20 Декември, 2025
0.3093

Македонија ќе ги ослободува резервите, ќе се дели дизел и мазут од складиштата

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Во Собранието влезе предлог за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, кој треба да се донесе по скратена постапка и со кој ќе се овозможи за краток период да се ослободат до 50 отсто од резервите кои ги поседува Македонија како држава во складиштата за мазут, дизел и нафта за загревање за време додека во сила е енергетската криза.

Измените се поднесени од пратениците Арбер Адеми, Бедри Фазли, Вјолца Адеми, Лолита Ристова, Марија Георгиевска. Измените се носат заради, како што пишува, „олеснување на справувањето со актуелната енергетска криза“. Со донесувањето на измените, повеќе нема да важат трендовите кои ги бараше ЕУ од Македонија континуирано да се зголемуваат резервите на горивата.

Дизел, бензин, мазут и нафта за загревање ќе им се дели на јавните претпријатија и другите државни институции како позајмици, а без надомест ќе им се отстапуваат на претпријатијата кои вршат енергетска дејност, како што се АД ЕСМ и ТЕЦ Неготино, кои се основани од државата, но во законското решение се споменуваат и „одредени корисници“.

„Отстапените нафтени деривати од ставот (3) на овој член може да бидат во количини кои, во текот на календарската година, нема да надминуваат 50% од вкупно складираните количини на задолжителни резерви за секој нафтен дериват одделно“, пишува во една од нововоденети клаузули.

Тоа значи дека само годинава може да потрошиме половина од она што го поседуваме како резерва. Кому и како ќе се делат горивата ќе одлучува Владата. 

Во последниот план кој како акт го донела Дирекцијата за задолжителни нафтени резерви стои дека од 2021 државата поседува 105 милиони литри дизел, 31 милион литри бензин, 20 милиони килограми мазут и 10 милиони литри нафта за загревање.

Посвежи податоци побаравме и од директорот Улуси Бекири кој ни рече дека е на состанок и дека резервите на сите видови на гориво од тогаш во меѓувреме се зголемени во складиштата.

Инаку за сериозноста на кризата со која се соочува овој дел од светот говори одлуката на француската влада. Вчера објави дека посегнала по националните стратешки нафтени резерви за да обезбеди снабдување на бензинските станици кои останале без гориво. Беше принудена да го преземе овој чекор среде штрајковите во рафинериите и енергетските магацини кои го запреа производството и ја блокираа испораката на гориво во Франција.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија