МАКЕДОНИЈА ИСПАДНА „НЕМАРНА“ КОН СВОИТЕ ГРАЃАНИ: Српските медиуми пишуваат дека ЕрСрбија ни ги спасува граѓаните во Израел
Објавено во: Македонија, Балкан 13 Октомври, 2023 07:59
Евакуацијата на македонските граѓани во Израел која денес треба целосно да се реализира, а која беше мета на критики од страна на нашинците таму дека е задоцнета и која ќе се реализира со авиони на Ер Србија, стаса и до српските медиуми, кои, пишуваат дека Македонците во Израел никој не сака да ги евакуира.
Медиумот Србија Данас, објави дека другите авиокомпании ги оставиле без можност да се вратат дома.
„ Никој не сака да ги евакуира од Израел: Србија веднаш им дојде на помош на граѓаните на ОВАА земја
За граѓаните на Северна Македонија, кои се во Израел, денес ќе се организира лет во соработка со „Ер Србија“, откако другите авиокомпании ги оставија без можност да се вратат дома, соопшти денеска Владата на Северна Македонија.
Како што наведе таа во соопштението, трошоците за летот на релација Тел Авив-Скопје, што се врши заради евакуација на граѓаните на Северна Македонија, ќе ги сноси Владата на Северна Македонија.
Владата на Северна Македонија соопшти дека е организиран чартер лет за сите нејзини граѓани, кои побарале помош, во соработка со „Ер Србија“, во услови на откажани летови и блокиран авиосообраќај со Израел.
– Авиопревозот, кој ќе се организира денес, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, а ќе се покрива од резервите на буџетот на Република Северна Македонија – се наведува во соопштението.
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, достави список и информации за македонски државјани кои се во Израел и кои побарале помош да се вратат во земјата.
Одредени граѓани на Северна Македонија, кои биле во Израел за време на конфликтот со Хамас, се вратиле порано во земјата со специјални летови од „пријателските земји“, се вели во соопштението“, пишува Србија Данас.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




