05 Мај, 2024
0.0285

Македонија и Естонија со заеднички ИТ проекти

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Договор за соработка меѓу македонски и естонски ИТ компании денеска на иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, потпишаа македонските компании „Инфинит солушнс“ и „ИТ Лабс“ со „Нетгруп“ од Естонија.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска рече дека овој вид на соработка е релативно нов начин на соработка на македонската Влада со останатите влади и компании.

- Се работи за дополнителна вредност на соработката, а тоа е дека македонските и естонските ИТ компании заедно ќе работат на развој на производи и на пласман на овие производи на странските пазари со што ќе се овозможи трансфер на знаење и технологии и секако учество во ителектуалната сопственост на овие развиени производи, рече Арсовска Томовска.

Потенцираше дека со соработката македонските компании заедно со естонската компанија „НетГруп“ ќе можат во иднина да работата на проекти кои ќе бидат пласирани на пазарите на балтичките земји и на европските пазари.

Амбасадорот на Естонија во Македонија Даниел Ерик Шаер рече дека договорот за соработка е добар сигнал и го покажува квалитетот на ИТ секторот и ИТ програмерите во Македонија и изрази надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.

Претставникот на естонската „НетГруп“ Прит Конго рече дека пред една година компанијата барала добар партнер за соработка, но тука нашла две такви компании.

- Сметам дека заедно можеме да создадеме нешто големо за новите пазари. Македонскиот и естонскиот пазар се мали, но можеме да имаме добивка со тоа што ќе бидеме активни и динамични. Гледам многу сличности. Среќен сум за соработката и се надевам дека ќе направиме нешто големо за светот, рече Конго.

Владимир Илиевски од „ИТ Лабс“ рече дека компанијата веќе 11 години работи на светско ниво и има повеќе од 90 вработени во Македонија, од кои 70 проценти се обучени и започнале кариера во „ИТ Лабс“. Тој посочи дека целта на соработката е да се зголеми обемот на работа и со тоа да се отворат нови работни места.

Слаѓан Михајловски од „Инфинит солушнс“ рече дека компанијата има работено над 150 проекти во изминатите 15 години и со потпишувањето на договорот очекува македонските ИТ компании да стекнат партнери во Европа и САД, како и да привлече големи компании кои ќе направат инвестиции во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години