14 Декември, 2025
0.0497

МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ - еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2024 10:13

Добивај вести на Viber

Македонците годинава или биле малку побогати, или решиле повеќе да инвестираат во својот возен парк, или, пак, едноставно тоа го правеле државните институции и приватните компании.

Како и да е, во текот на целата оваа година повеќе се купувале нови патнички автомобили, наспроти во претходната 2023 година.

Тоа го покажуваат податоците на Царинската управа на земјава, за бројот на увезени возила во првите 10 месеци од годинава, бидејќи за ноември и декември, кој не е ни поминат, се уште нема податоци.

Речиси сите 10 месеци од годинава бројот на увезени нови возила надминува по 1.000 возила, освен јануари, кој бил исклучително слаб, и септември, кој сепак, само за малку не ја достигнал „илјадарката“.

Или, за 10 месеци, набавени се вкупно 11.180 нови возила, додека, пак, во целата 2023 година бројот на увезени нови возила не успеал ниту да стигне до 10.000, односно изнесувал 9.999 нови коли, а ако, пак, од него се одземат ноември и декември, излегува дека во првите 10 месеци од ланската година се увезени и во земјава се внесени само 8.147 нови возила, или помалку за 3.033 нови возила.

Останува да видиме каков тренд ќе покажат ноември и декември, но се очекува и тие да бидат поволни за импортерите во земјава кои увезуваат нови возила.

Да погледнеме како во првите 10 месеци од годинава се движел увозот на нови возила. Јануари кој вообичаено важи за слаб месец, бил и оваа година навистина лош, веројатно поради оној долг период на преживување кој е карактеристичен за тој месец, а и истрошеноста на граѓанството од претходните новогодишни прослави и празнувања. Значи, јануари стартувал со само 583 увезени нови патнички автомобили, но затоа по него следувале февруари и март со 1.164 и 1.034 набавени коли, а воопшто не било лошо ниту во април и мај, со 1.276 и 1.212 увезени „убавици на четири тркала“. Следуваат јуни и јули, кои исто така биле одлични, со 1.289 и 1.237 увезени нови патнички автомобили, а сосема одличен бил и август, со 1.279 увезени коли. Е сега, септември не е баш најсјаен, и во тој месец се увезени 970 нови коли, но затоа честа ја спасува октомври, кога увозот бил 1.136 увезени возила.

Додека, пак, во 2023 година, над 1.000 увезени возила имало само во јуни, и тоа 1.009, и во декември, 1.003 увезени нови патнички автомобили. Сите други месеци се меѓу 578, исто јануари како најслаб месец, и 995 возила увезени во јули, а сите други се меѓу овие бројки.

Но, и покрај желбата за нова кола, за жал, многу наши сограѓани тоа не можат да си го дозволат, па според бројките на Царина, многу повеќе се увезуваат половни возила. Или, за првите десет месеци од годинава нивниот број бил трикратно поголем од увозот на нови, и изнесувал 33.972 возила, што е повеќе од цела година лани, кога за цела 2023 или за сите нејзини 12 месеци, се увезени 33.213 „половњаци“.

Ако ги погледнеме поединечните месеци од годинава, во поглед на увоз на употребувани возила предничи октомври, со 4.128 увезени користени возила, а најслаб месец бил јануари, со увезени 2.498 половни патнички автомобили.

Значи, иако Македонецот како просечен граѓанин се стреми да си набави ново возило и тоа се повеќе го посакува, за жал, стандардот се уште не му е доволен, па превагнува користењето на половни коли.

А, возилата, односно оние кои се со пониски еколошки стандарди, се една од главните причини за загаденост на воздухот, со која и сега, односно во овој зимски период, се соочуваат повеќе македонски градови.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?