МАКЕДОНЕЦОТ ГОРАН АНГЕЛЕСКИ НОВ ГЛАВЕН ФИНАНСОВ ДИРЕКТОР ВО А1 ХРВАТСКА - нов предизвик по долги години искуство во А1 Македонија
Објавено во: Економија 30 Јуни, 2022 08:00
Дека Македонците се успешни не само кога работат во домашни фирми во земјава, туку и во странски компании, говори уште една вест која доаѓа од Хрватска.
Имено, телекомуникациската компанија А1 Хрватска, која преку А1 Македонија е еден од најсериозните играчи на македонскиот пазар,објави дека нов главен финансиски директор таму ќе биде Македонецот Горан Ангелески, кој доаѓа од А1 Македонија, по долги години искуство и знаење стекнати во компанијата.
Оваа информација А1 Хрватска ја објави на социјалната мрежа Линкедин, каде информираат и дека досегашниот главен финансиски директор заминал надвор од компанијата.
„Имаме голема промена во # А1тим! По три години поминати во А1 Хрватска на позицијата главен финансиски директор, Горан Манестар кариерата ја продолжува надвор од компанијата, а на негово место доаѓа Горан Ангелески, кој беше главен финансиски директор и контролор во А1 Македонија. Со повеќе од 16 години искуство во телекомуникацискиот сектор и богато искуство и знаење на компанијата, Горан ќе придонесе за понатамошен развој на бизнисот во # А1Хрватска и # А1Македонија“, стои во објавата на А1 Хрвтска.
Ангелески е подготвен за новиот предизвик.
„Ќе продолжиме да работиме на ефикасност во управувањето со трошоците и имплементација на дигитални процеси, со цел да обезбедиме одржливост на бизнисот и да бидеме подготвени за сите надворешни предизвици“, изјавил Горан Ангелески.
Компанијата А1 Хрватска, како што пишув на Линкедин, на двајцата Горановци им посакува многу успех во новите деловни предизвици.
Н.Н.Ф.
Фото: Линкедин
Можеби ќе ве интересира
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка




