27 Април, 2024
0.0277

Македонците задолжени до гуша – Колку сме заглавени споредено со другите?

Објавено во: Економија 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Секој од нас има некаков кредит во банка, имаме минуси на платите, користиме кредитни картички, ама позајмуваме и за да имаме за трошење или да купиме нешто. Задолженоста на македонските домаќинства расте од година в година и според последните податоци кои се однесуваат на февруари годинава само домаќинствата во земјава на домашните банки им должат околу 2,3 милијарди евра. Но, дали задолженоста на граѓаните во Македонија е голема или мала? Банкарите велат дека има простор за раст на кредитирањето и кај граѓаните и кај фирмите, но дека нема да кредитираат неквалитетни клиенти.

Анализа на податоците по земји исто така покажува дека семејствата во Македонија должат многу помалку од тие во опкружувањето, а уште помалку ако бројките се споредуваат со поразвиените земји. Така, лани вкупниот долг на семејствата во земјава кон македонските банки изнесува 22,8 проценти од домашниот БДП. Во Хрватска тој процент е 36 отсто, во Бугарија 28,6 проценти, а во Србија 20,3 отсто.

СЕКОЈА ГОДИНА СЕ ПОЗАДОЛЖЕНИ

Во последните неколку години задолжувањето на домаќинствата се зголемило значајно иако растел и БДП, но побавно. Според податоците, за десет години вкупното учество на кредитниот долг на граѓаните во домашниот БДП се зголемило за два пати. Така ако во 2007 година тој долг е околу 14 отсто од БДП, на крајот на 2017 година изнесува 22,8 проценти. Во 2006 година е 9,7 отсто, додека од 2007 до 2012 се движи од 17 до 20 проценти.

Во апсолутни суми, во 2009 година вкупните кредити кон домаќинствата изнесуваат 1, 168 милијарди евра, а до 2014 година пораснале до 1,740 милијарди евра. Во 2015 година македонскате граѓани на банките им должеле 1,9 милијарди евра, додека во февруари годинава 2,3 милијарди евра.

Банкарите кои ги консултиравме велат дека ако се гледааат само бројките можеби тој процент е низок па тврдат дека кредитирањето треба да расте. Сепак децидни се дека нови задолжувања не се оправдани ако се само за трошење пари, оти и ситуацијата дома не е сјајна.

„Ако се анализираат бројките, да, можеби има простор за раст на кредитирањето. Секако, ако задолжувањето е само колку да се задолжуваат, а не со обемна анализа за што ќе се трошат парите и како ќе се вратат тогаш новите задолжувања не се препорачуваат. Треба да се биде внимателен, вели Николче Петковски, директор на Еуростандард банка.

КОЛКАВ Е ДОЛГОТ ПО ЗЕМЈИ

Од земјите во регионот, граѓаните во Албанија се помалку задолжени од нас. Таму вкупниот долг на домаќинствата лани бил 11,5 отсто од БДП. Во Босна и Херцеговина задолжувањето е поголемо и изнесува 27,3 проценти од тамошниот БДП. Во Бугарија е 28,6 отсто, додека во Грција е многу повеќе или 65,6 отсто од БДП. Кај нашиот јужен сосед, разбирливо, граѓаните должат повеќе и поради кризата во земјата, а многу од нив имаат и проблем да ги вратат позајмените пари. Во Косово задолжувањето на домаќинствата е пониско или во 2016 година тие должеле 13,2 отсто од нивниот БДП.

Во сите земји од Европската унија долгот на домаќинствата изнесува 50,5 отсто, но има земји каде граѓаните должат и повеќе од вкупниот бруто домашен производ. Така во Кипар вкупниот долг на семејствата лани изнесувал 139 отсто од БДП, претходната година бил и над 145 отсто од БДП. Во Германија е околу 50 отсто додека во Русија околу 13 отсто. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра