30 Април, 2024
0.0283

Македонците се вратија на купување станови и дуќани „на ново“

Објавено во: Економија 09 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Огромно раздвижување на пазарот на недвижности во 2018 објави Агенцијата за катастар со 21.006 евидентирани трансакции на купопродажба на станови, куќи, дворни места, плацови, дуќани и други локали што е раст за 9.643 повеќе во однос на една година претходно, или 85 отсто повеќе.  

Безмалку 17 илјади купопродажби биле класични од стар сопственик на нов и се за 7.000 повеќе од лани, додека 3.285 биле директно од инвеститор, што е многу повеќе од само 963 новоградби по кризата во 2017-та. Од останатото, 663 биле откупи од државата и 67 на лицитација. Годината 2018 е далеку подобра и од 2016-та кога се реализирале севкупни 14.167 купопродажби.

Многу поголем пораст има кај закупите и тоа за 204 отсто во кои влегуваат речиси 4.000 изнајмувања на деловни простории, околу 3,5 илјади на станови, 1.254 на земјоделско земјиште и 384 на куќи.

Според поседните податоци од Државниот завод за статистика, во првиот квартал од 2019-та, односно во првите три месеци биле продадени 687 новоизградени станови од инвеститорите. Бројката на непродадени станови останува речиси иста и таа изнесува 5.240. Во моментов се градат 11.322 станови.

Претседателот на здружението на градежништво при Стопанската комора, Андреа Серафимовски, истакна дека во последните пет години бројот на празни станови во Скопје е безмалку ист. 

„Во првите четири месеци од годинава, е зголемен вкупниот број на одобренија за градење. Од вкупно 977 одобренија, 466 се за градење на високоградба, додека 155 одобренија се за градење на нискоградба. Забележан е благ пад на одобренијата за градење на високоградба во однос на минатата 2018 година и тоа за 7,5 отсто, а пораст на одобренијата за градба се забележани во тековната година кај нискоградбата за 28 проценти“, истакна Серафимовски.

Бројот на впишаните хипотеки во катастарот е 10.290 недвижнини и нивната вредност кај оние во евра останува речиси иста како лани и изнесува околу 1,3 милијарди евра, додека е забележан раст на оние во денари - од 12 во 2017 на 16,1 милијарди во 2018. Година за година бројот на недвижнини под хипотека останува речиси ист, со тоа што во 2016-та нивната евиденција била многу поголема - безмалу 14,5 илјади. Македонија пат, Агенција за промоција и странски инвестиции

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво