14 Декември, 2025
0.1757

МАКЕДОНЦИТЕ ПОМАЛКУ ЗБОРУВААТ НА ТЕЛЕФОН – АЕК утврди пад на разговорите во сите мрежи

Објавено во: Економија 21 Март, 2025 07:42

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации утврди дека минатата година имало раст на фиксните линии во Македонија, благ пад кај бројот на претплатници во мобилната мрежа, a се намалуваат и телефонските разговори меѓу корисниците и на фиксните линии и на мобилните. 

Во годишниот извештај на оваа институција е посочено дека во 2024 година претплатниците просечно зборувале 12,56 минути на фиксна линија. Притоа, најголем дел од повиците се остварува во сопствена фиксна мрежа и изнесува 4,33 минути. Сообраќајот кон други фиксни мрежи во Македонија е значително помал и изнесува 1,70 минути.

Што се однесува пак до сообраќајот во сопствена мобилна мрежа тој изнесува 3,21 минути, а сообраќајот кон други мобилни мрежи во земјава изнесува 3,14 минути, и 0,18 минути кон мрежи во странски држави.

-  Споредено со 2023 година може да се забележи намалување на волуменот сообраќај кон сите дестинации– се нагласува во извештајот.

Во извештајот на АЕК е посочено дека пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација бројот на фиксни линии (сите технологии) во 2024 година е зголемен за 1,96 отсто во споредба со 2023 година.

-  Бројот на PSTN линиите во однос на 2023 година се намалени за 27,88 отсто. Бројот на (VoIP) линии преку бакарна мрежа се намалил за 7,48 проценти за периодот од една година. Бројот на линии преку безжични технологии во 2024 година изнесува 95.108, односно може да се забележи раст од 4,56отсто во однос на 2023 година. Голем дел од кабелските оператори ја изнајмуваат својата мрежа на нотифицираните оператори кои се активни на пазарот на фиксна телефонија и ја обезбедуваат услугата на пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација– се посочува во извештајот на АЕК.

Меѓу другото е посочено дека во 2024 година бројот на линии преку оптичка мрежа (FTTH) изнесува 130.344 и бележи раст од 17,34 отсто за период од една година.

Што се однесува пак до мобилните мрежи, како што открива АЕК има благ пад на бројот на корисници.

-  Се согледува процентуален пад од 0,04 отсто на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во 2024 во однос на претходната година. Бројот на резиденцијалните пост-пејд претплатници бележат раст од 3,38 проценти во однос на 2023 година, деловните бележат пад од 0,14 проценти во истиот период– се наведува во извештајот на АЕК.

П.О.

Фото: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји