17 Мај, 2024
0.0291

Maкедонците купуваат недвижен имот во градовите каде има работа и подобри услови за живот

Објавено во: Економија 30 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани кога одлучуваат каде да купат недвижен имот, пресудно им е да инвестираат во имоти на места каде има вработување, училишта, градинки, добри услови за живот. 

Многу луѓе мигрираат од село во град или од помалите кон поголемите градови, каде има повеќе можности за вработување и образование. Секако клучни се и финансиите, но за луѓето од внатрешноста на земјава, Скопје и понатаму е атрактивно. 

„Бараат локации во центар, но бидејќи центарот е презаситен, може и локации блиску до центарот. Претежно се тоа станови со квадратури од 40 до 60, зависно дали ќе живеат во нив или ќе ги издаваат под кирија“, велат од агенцијата Новел недвижности од Скопје. 

Од агенцијата за недвижен имот „Сигурен дом“ од Битола, објаснуваат дека има и луѓе од околните градови кои купуваат имоти и се доселуваат во градот. Оние со „подлабок“ џеб бираат недвижен имот во центарот, каде сѐ им е на дофат. 

„Купуваат имоти секој по своите желби и можности. 50 до 60 отсто кај нас се луѓе кои од селата доаѓаат во градот. Многу е баран центарот, и тој е скап, но има и луѓе од Крушево, Демир Хисар, Кичево, Ресен и ресенските села кои купиле имоти во Битола. Тука доаѓаат поради работа. Некои прво се сместуваат под кирија, а потоа одлучуваат да си купат стан“, додаваат од „Сигурен дом“. 

Од „Скај Хом“ од Струмица објаснуваат дека ретко се случува некој жител на соседните градови да купи имот во Струмица, а луѓето кои купуваат станови во градот се најчесто гастарбајтери, кои освен куќа на село, сакаат да имаат и имот во урбана средина. 

„Луѓето од струмичките села кои работат во Германија, ако поседуваат голема куќа на село, сакаат да имаат и стан во градот. Населбата Карпош е атрактивна во Струмица. Скопје многумина го бираат поради работа“, додаваат од „Скај Хом“. 

Освен Скопје, атрактивен е и Охрид. Тоа се рефлектира и на постоење на голем број на агенции за недвижен имот во градот. 

„Во Охрид купуваат имоти поради климата, езерото, за да имаат каде да ги поминат викендите или пензионерските денови и секако да имаат што да им остават во наследство на децата. 90 отсто од купувачите се од Скопје, но има и од другите градови“, велат од агенцијата „Чојс“ од Охрид. 

Од друга страна, во многу од помалите места во земјава, не постојат агенции за продажба на недвижен имот. Луѓето кои работат со продажба на недвижен имот, велат дека поимотните граѓани можат да си дозволат да купуваат имоти во помалите места кои се празнат, но не од практични причини за да живеат и работат таму, туку за уживање во природа, на места каде има мир, тишина, чист воздух. 

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија