17 Декември, 2025
0.0515

МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ Vs КОРОНА ВИРУС: Летните одмори ќе направат повеќе проблеми со ковидот отколку со сипаниците, епидемиологот Стојанов за Фактор

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2022 07:34

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што дел од експертската јавност алармира на ризик од зголемување на бројот на случаи заразени со мајмунски сипаници, особено поради зачестените патувања во текот на летниве месеци, епидемиологот, д-р Александар Стојанов во разговор за Фактор вели дека е далеку помала опасноста од оваа болест и можноста за развој на епидемија на мајмунски сипаници, отколку што повторно може да се разгоре корона вирусот. Светската здравствена организација (СЗО) советува претпазливост при престој на бројни летни фестивали и други масовни собири, бидејќи мајмунските сипаници се пренесуваат и со контакт кожа на кожа.

-Точно е дека сега многу повеќе се патува, луѓето на разни дестинации ги користат годишните одмори, но во соседството досега се регистрирани мал број на луѓе кои се заразија со мајмунските сипаници. Два случаи имаше во Грција и по еден во Хрватска и во Србија и сите беа импортирани, одноно увезени од други земји. Заразувањето со мајмунските сипаници не се пренесува така лесно, потребен е директен контакт, за разлика од корона вирусот кој многу полесно се спренесува. Овој облик кој е присутен во Европа, а не во ендемските земји, нема тешка форма на болеста. Значи, заразените со мајмунски сипаници,а досега се регистрирани околу 800 случаи ширум континетот, имаат полесен тек на болеста, отколку што е формата на мајмунските сипаници во африканските земји. Затоа и посебна претпазливост се советува ако се патува на егзотични дестинации, како централна и западна Африка, кои всушност се ендемски области на овој вирус. Исто така, би сакал да истакнам, дека повозрасните генерации кои се вакцинирани против вариола вера, најверојатно се уште поседуваат имунитет и против мајмунските сипаници, вели д-р Стојанов.

Истовремено, како што посочува, многу позагрижен е поради повторното зголемување на бројот на случаи заразени со корона вирусот.

-Грција, на пример пријавува 10.000 новозаразени, најмногу на Миконос, остров познат по журките и моментално таму сега е најголемата концентрација. Повторно се враќаме на истата загрижувачка ситуација. Секаде каде што има мосовни собирања, постои огромен ризик за ширење на вирусите. И потврдените случаи на мајмунските сипаници беа всушност луѓе кои присуствувале на летни повеќе дневни журки, концерти и така натаму. Во однос на сојовите на корона вирусот, актуелниот омикрон, има полесна форма на болеста и дава полесни симптоми, но секако остава несакани последици по организмот на човекот. И хрватска пријавува зголемен број на заразени со ковид, 500-600 секој ден, земјата се отвори, луѓе од цел свет доаѓаат на одмор и толку треба. Србија исто така, имаат и по неколку смртни случаи. Кај нас за среќа нема починати изминатиов период, но повторно пријавуваме околу 100-тина новозаразени, над 100, бројка што на почетокот од пандемијата и тоа како не плашеше и загрижуваше. Така што повеќе би обрнал внимание повторно на ковидот, отколку на мајмунските сипаници, вели познатиот епидемиолог.

Не би можел, како што вели да прогнозира каква ќе биде есента и дали корона вирусот кој е РНК-вирус може да направи нова мутација, но смета дека би било добро да се дава и четврта доза од вакцината против Ковид-19.

-Мајмунските сипаници е ДНК вирус и не прави лесно мутации, но короната е РНК вирус и досегашното искуство покажа дека навистина многу брзо прави нови мутации. Ние сме недоволно извакцинирано население, едвај окоу 50 проценти, така што како епидемиолог сметам дека од есен добро би било добро посебно рснливите категории да примат и четврта доза од вакцината. Сметам дека и во нашата земја ќе ги имаме последната генерација вакцини од Фајзер и Модерна, надградени кои делуваат и против новите соеви. Вакцината, ова го повторувам постојано, не може да направи никаква штета, може од неа да се има само голем бенефит, нагласува во разговорот за Фактор, д-р Стојанов.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето