Majката на Пино кажа кој е можниот мотив за убиството
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2019 16:21
Мајката на убиеното момче Пинета Секондо денеска беше повикана на распит во скопското обвинителство, по што таа за можниот мотив рече дека не ја знае точната причина, но дека веројатно станува збор за љубомора.
„Уште не разговаравме за мотивот, љубомора, не би знаела друго зошто“, вели Трпковска.
Таа додаде дека досега немала добро искуство со припадниците на полицијата велејќи дека и спуштале слушалка и го блокирале телефонот кога ги барала за подетални информации.
Доживотен затвор за убијците на 26-годишниот Секондо побара денес мајка му Маја Трпковска по распитот во Обвинителството.„Ќе се борам за доживотна казна, тие не треба да излезат веќе никогаш од затвор. Како може човечки ум, нарочито на девојка од 22 години, да размислува така, да убие свој другар и шест месеци да си нема гајле, да си спие, да си шета. Тоа е нечовечки, таа е монструм. Среќа што не постои во Европа смртна казна, да бевме во Америка ќе добиеше смртна казна“ – рече Трпковска.
Тој исчезна во декември лани, а неодамна е пронајден убиен во близина на селото Љуботен.
Истрагата покажа дека го повикала девојката која сега веќе е во притвор, а дека во него пукал осомничениот Али Ф. кој е во бегство.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




