Мајка на дете кое учи во „Владислав Рибникар“: Тоа веќе не е нивен втор дом
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2023 14:57
Марија Илиќ Паовиќ, мајката на девојче кое на 3 мај ги загуби двете најдобри другарки во масакрот во српското училиште „Владислав Рибникар“, изјави дека нејзиното дете повеќе не го прифаќа училиштето како безбеден простор и не сака да се врати таму.
Вели дека тоа училиште повеќе не е втор дом на децата кои таму учеле.
„Тие се чувствуваа безбедно, а сега тоа е првото нешто што треба да се урне. Сите бараме одговори на прашањето зошто? Требаше повеќе да се фокусираме на жртвите и на сите засегнати од оваа ситуација“, вели Марија.
Таа додава дека за повеќето родители чии деца учат во „Рибникар“ уште е 4 мај. Објаснува дека се истрауматизирани.
„Кога некој ќе ви испрати мејл два дена по трагедијата дека вашето дете треба да тргне на училиште од среда, чувствувате неверојатен страв, дека треба да донесете одлука во име на вашето дете за ситуација која ниту вие не можете да ја прифатите, а камоли да се одлучи дали таа одлука е добра или не“, додаде таа.
М.К, мајката на ученикот масовен убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград била на распит во полиција поради сомнение дека сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице. Во масакрот загинаа 10 луѓе, од кои 9 деца и еден вработен во училиштето.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




