25 Април, 2024
0.1209

МАЈКА И ЈА ВОВЛЕКЛА ВО КУЛТОТ И ПОТОА ПОЧНАЛЕ ТРАГЕДИИТЕ НА ЛИЗА ПРИСЛИ: „Ми ја земаа душата, парите, и сé“

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Ќерката на Елвис Присли беше дел од култот во кој ја внела нејзината мајка, а потоа сè тргна надолу.

Како бомба одекна и ја изненади јавноста веста дека почина единствената ќерка на славниот Елвис Присли. Имено, Лиза Мери Присли, почина на 55-годишна возраст, а се верува дека причина за смртта е срцев удар.

И покрај фактот дека нејзиниот татко беше безвременска музичка ѕвезда, Лиза водеше прилично турбулентен живот и беше мажена четири пати. Меѓутоа, таа ја доживеа и најголемата трагедија и болка што може да ја почувствува една мајка. Нејзиниот син во јули 2020 година изврши самоубиство на роденденската забава на неговата девојка Дијана Пинто, што целосно ја скрши пејачката и актерката.

„Оваа страшна тага која го уништи и скрши моето срце и душа целосно ме проголта“, напиша тогаш Лиза на својот Инстаграм профил.

Лиза била дел од Скиентолошката црква, а потоа поминала низ многу тежок период, кога почувствувала дека кај неа се случуваат големи промени кои воглавно биле деструктивни.

Откако ја напушти оваа заедница, Лиза се отвори, а во интервју за USA Today откри како оваа заедница влијаела на неа.

„Полека станував деструктивна, всушност самоуништувачка и не знаев од каде доаѓа. Кога сфатив, бев очајна. Не ми даваа добар совет. Ми ја земаа душата, парите, сè мое “, објасни Лиза, која всушност влегла во тој свет, откако мајка и Присила од 1977 почнала во тој дух да ја одгледува својата ќерка Лиза. Кога Лиза се откажала од скиентологијата, Присила ја донела истата одлука и набрзо ја напуштила Скиентолошката црква.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти