М6 Едукативен центар, австриската Амбасада и AdvantageAustria со заедничка иницијатива за јакнење на соработката помеѓу австриската и македонска бизнис заедница
Објавено во: Мои пари 30 Април, 2025 14:23
Развој на нови деловни можности, проширување на постојните економски врски и јакнење на стратешкиот дијалог меѓу деловните заедници на двете земји беа во фокусот на настанот кој се одржа во организација на М6 Едукативен центар и Амбасадата на Република Австрија во Скопје, заедно со канцеларијата на Австриската стопанска комора(AdvantageAustria).
На настанот присуствуваа претставници на повеќе од 70 водечки македонски и австриски компании од бизнис секторот во Република Северна Македонија, меѓу кои се вбројуваат: Тиквеш, ЕВН, Триглав АД, АМСМ, Раде Кончар, Дуна, Кабтел, А1 Македонија, Diners, Austrian Airlines, Knauf, Quehenberger, SmartLiving и други. Присуството на ваков широк спектар на компании укажува на зголемениот интерес за унапредување на меѓусебната соработка и градење на стабилни економски партнерства.
Настанот го отвори претседателот на групацијата М6 Светозар Јаневски, кој укажа на важноста и потребата од градење на просперитетни и одржливи партнерства за зајакнување на економијата на нашата држава, истакнувајќи дека поттикнувањето на довербата и стратешко сојузништво помеѓу македонските и австриските компании се предуслов за економски раст и регионална стабилност.

Амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер и претставници на канцеларијата на Австриската стопанска комора AdvantageAustria ја претставија својата мисија и улога во поддршката на австриските компании во Република Северна Македонија.
Во рамки на настанот, Австриската агенција за развој ја презентираше Програмата за креирање и финансирање на стратешки бизнис партнерства помеѓу приватниот сектор, насочена кон поттикнување на одржлив економски, еколошки и општествен развој.

Извршната директорка на М6 Едукативен центар Елена Младеновска Јеленковиќ ги претстави активностите на центарот, кој во својата мисија за трансформација на поединци и компании во државата и регионот, нуди можности за едукација, вмрежување, соработка, проекти и совети од еминентни луѓе од светот на политиката и економијата.

Настанот претставува значаен чекор во интензивирањето на економските односи меѓу Северна Македонија и Австрија, создавајќи основа за нови заеднички иницијативи, инвестиции и растечки економски врски од взаемен интерес.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




