ЛУКАРЕВСКА ДО МИЦКОСКИ – ДА ОДЛУЧИ ДАЛИ Е ЗА ЕУ ИЛИ ЗА ЛЕВИЦА: Се пофали и со растот на платите и пензиите
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2023 14:54
-Мицкоски
и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на
блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица, порача денеска од Битола заменик претседателката
на СДСМ, Сања Лукаревска.
-Ова е момент на вистината за Мицкоски кој гледаме дека бега од одговор на ова прашање a ставовите ги менува секој ден. Мицкоски треба да ги среди своите ставови и да да излезе пред јавноста и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или е за Левица, рече таа
Лукаревска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица се посветија само на блокади, хистерија од лажни вести и кочење на државата.
Истовремено, таа заборуваше и за резултатите кои ги постигнале како партија на власт.
-Година и половина пред предвиденото, минималната плата во земјава надмина 20.000 денари, а просечната стигна до 34.000 денари, а истовремено го зголемивме и лимитот за поврат на Мој ДДВ на 2.100 денари по тромесечје, изјави Лукаревска, на работниот состанок со новоизбраните претседатели на партиските комисии.
Според неа, постигнатите резултати се доказ дека комисиите на СДСМ имаат капацитет, дека знаат да направат сериозни процени и да креираат остварливи решенија во интерес на граѓаните и државата.
Пред присутните Лукаревска најави дека во периодот што следи ќе започнат различни активности околу подготовка на новата програма, затоа што како што истакна, навременоста и инклузивниот процес се клучот за создавање одржливи решенија.
ФОТО: МИА
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




