„ЛУЃЕТО ШТО КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР НЕ МОЖАТ ДА СПИЈАТ МИРНО“ - од ДУИ велат: Тие се без статички проекти и сеизмичка проценка
Објавено во: Економија 01 Јуни, 2025 15:50
Демократска унија за интеграција, најголемата албанска опозициска партија, критикува дека Јавното обвинителство, како што велат, како никогаш досега е претворено во покорна алатка на извршната власт, а правдата ставена под нејзина целосна команда. Партијата го темели ваквото обвинување врз основа на случајот со пожарот во Кочани и, како што велат од ДУИ, тишината околу урбаната катастрофа во скопски Чаир.
„Во Кочани, по трагедија што го потресе целото општество, истрагата е затворена без ниту еден партиски функционер да биде повикан како осомничен иако е јасно за секој граѓанин дека одговорноста е директна и лежи врз Министерството за внатрешни работи и надлежните институции. Молкот на обвинителството е форма на политичка амнестија и навреда за жртвите и нивните семејства“, велат од ДУИ.
Оценката на ДУИ за случајот со дивоградбите во Чаир, пак, е дека во реално време се случува урбан криминал.
„Повеќе од 150 бесправни градби без статички проекти, без сеизмичка проценка, со нелегално поврзување на струја и без пристап за пожарна или брза помош се живи закани за илјадници граѓани. Луѓето што купиле станови таму не можат да спијат мирно поради страв за животите на своите деца и семејства“, нагласуваат од партијата на Али Ахмети.
Оттаму сметаат дека овие случаи се пример не за селективна, туку за укината, диригирана и контролирана правда, свесно насочена против интересите на граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




