ЛУЃЕТО БЕА СВЕСНИ ДЕКА УМИРААТ, НЕКОИ БЕА БЕЗ КОЖА НА ЛИЦАТА: Преживеана патничка во страшна несреќа во Хрватска сведочи за кобните моменти
Објавено во: Балкан 08 Август, 2022 14:52
Полскиот портал
Факт разговараше со две жени кои се во болница во Загреб, а кои ја преживеаја
страшната автобуска несреќа. Беата Кричовјак вели дека автобусот го управувале
искусни возачи и дека немало никакви индиции дека може да се случи ваква
трагедија.
„Ме шокираше што се случи. Не се сеќавам на моментот на несреќата бидејќи спиев. Траеше неколку секунди. Не се онесвестив, но бев заглавена. Видов луѓе кои не можеа да се движат. Чекав да го отворат автобусот и да ме изнесат. Не знаев што се случува околу мене бидејќи бев заглавена меѓу седиштата.Изгледаше како да чекав со часови, а помош чекав околу 13 минути“, вели таа за полскиот медиум.
„Беше страшно. Се слушаа болни извици, луѓето сигурно беа свесни дека умираат. Некои беа целосно згмечени. Страшно е да се видат луѓе без кожа на лицето. Шок. Невозможно е да се опише“. Беата со мајка си отишла во Меѓугорје. Таа вели дека знае дека ја преживеала несреќата, но ништо повеќе.
Инаку процесот на идентификација на жртвите се уште трае. „На сите лица им беа земени отпечатоци од прсти“
„Брзата помош дојде да ги спаси луѓето, а не нивниот багаж со документи. Ако некој е свесен, тогаш може да се идентификува, соопшти полската амбасада, посочувајќи дека не смеат да брзаат со информациите бидејќи може да згрешат. „Претпоставките не се доволни кога се зборува за нечиј живот или смрт. Исто е и со луѓето кои не се свесни. Не смееме да грешиме“, соопштија оттаму.
ФОТО: EPA/IVAN AGNEZOVICМожеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




