14 Декември, 2025
0.6280

Лудило на војната! Гладуваат 300 милиони луѓе додека во украинска Одеса скапуваат милиони тони пченица

Објавено во: Економија 10 Мај, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Во украинските силоси војната блокира милиони тони пченица. Тоа создаде околу 50 милиони луѓе кои немаат леб! Ако оваа пченица не се извезе сега ќе скапе, а најстрашно е тоа што идниот род пченица од украинските ниви (јули,август) нема каде да се складира, алармираа раководството на Светската програма за храна (WFP) на Организацијата на обединети нации (ООН)

Милиони тони пченица се блокирани во огромните силоси на пристаништата во јужна Украина. Сите силоси се полни со ланска пченица, а нејзниот извоз е блокиран со воените дејствија во Црното Море. Оваа состојба е неодржлива и ќе предизвика десетици милиони гладни луѓе, објави Дејвид Бесли, директорот на програмата за храна на ООН.

Тој апелира до украинскиот претседател Зеленски и рускиот претседател Путин да ги деблокираат пристаништата за да може пченицата да се извезе и да стигне таму каде што е најнеопходна. Тоа се всушност земјите на суб-сафарска Африка, а тешко ќе биде погоден и Египет, најсилната и најголема земја во северна Африка која е целосно зависна од украинската пченица.

Според проценките на оваа организација на ООН актуелниот број на околу 250 милиони гладни луѓе ширум светот сега веќе се зголемува на 300 милиони заради воената криза во Украина и блокадата на нејзината пченица.

Интегралниот текст на овој аларм на ООН може да го прочитате на следниот линк https://news.un.org/en/story/2022/05/1117722

Цената на пченицата на берзите галопира! За една година порасна повеќе од двојно

Цената на тон пченица на светските берзи достигна 410 евра! Ова е цена од последното тргување од 5 мај (последниот работен ден минатата седмица). Значи еден килограм пченица на големо на глобалниот пазар чини околу 25 денари! Најниската цена на тон пченица во период од една година наназад изнесувала 177 евра.

Кај цената на пченицата на глобалните пазари клучна улога има транспортот. Во смисла на тоа дека секогаш е најниска цената на пченицата што е произведена најблизу до локацијата на која треба да биде испорачана. Затоа на пример кај нас во Македонија секогаш најдобра цена за тон пченица може да даде Србија која е најголем производител во нашиот регион, а воедно е и наш сосед.

Пченицата е производ што се тргува на сите големи стокови светски берзи и на најголемата берза за деривати, деривативи и други форми на договори за набавка на стоки во иднина, а таа е CME Group.

Од најголемите стокови светски берзи кои ја креираат цената на основниот прехранбен продукт ги издвојуваме: берзата МАТ во Буенос Аирес, најголема во Јужна Америка, двете берзи во северна Америка од кои во САД е таа во Канзас Сити (КЦБТ) и другата е ВЦЕ во Винипег Монитоба, Канада.

Во Австралија пченицата се тргува на стоковата берза СФЕ во Сиднеј.

Во Европа најголеми берзи кои ја креираат пазарната цена на пченицата се унгарската БЦЕ, француската МАТИФ и неизбежната најголема берза во лондонски Сити – ЛИФФЕ.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?