05 Мај, 2024
0.0237

Лозарите на протест, од понеделник почнуваат блокадите кај Росоман

Објавено во: Агробизнис 02 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Со блокирање на патишта во понеделник, во периодот од 13 до 15 часот, лозарите ќе го изразат своето незадоволство од продажбата на винарската визба „Винеа”. Како што најави денеска регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци, блокадата ќе ќе биде секојдневна, а нејзиното времетраење постојано ќе се зголемува се до конечно решавање на случајот.

„Ќе ја блокираме клучката на излезот од Росоман кон правците Скопје, Прилеп и Кавадарци поради незадоволство од случувањата во винарската визба „Винеа” во селото Паликура. Бараме поништување на купопродажниот договор со кој е продадена винарницата за над милион и 250 илјади евра бидејќи знаеме дека вреди многу повеќе. Имаме поднесено приговор на таквата одлука,“ соопшти претседателот на „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.

Инаку винарската визба „Винеа“ беше продадена минатата недела, за сума од околу 1.25 милиони евра, информираше тогаш Аризанов, кој истакна дека винаријата на лозарите од Кавадаречко и Росоманско им должи околу 600 илјади евра.

Лозарите сега се плажат дека од продажбата ќе бидат исплатени долговите кон банката, но не и кон нив.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?