Лотарија за вработените во „Кромберг и Шуберт“: Уплати лоз и добиј половен mini cooper од 2004 година
Објавено во: Економија 04 Август, 2018 10:00
Наградна игра во која главна награда е половен автомобил
мини купер од 2004 година во моментов е во тек во фабриката „Кромберг и
Шуберт“, лоцирана во зоната во битолски Жабени. Менаџментот на фабриката за
производство на кабли за автомобили која вработува неколку илјади работници во
своите погони, за интерната лотарија
наплаќа по 50 денари за секој купен лоз со кој вработениот се стекнува со
право да учествува во играта. Главната награда ќе се додели во септември.
„Нема ограничување и секој може да купи колку сака „талони“. Некои купуваат неколку и така сметаат дека си ги зголемуваат шансите за добивка. Никој не сака да му ја препушти шансата на еден мал круг работници да дојде до наградата и повеќето сакаат да бидат во игра, иако јас не учествувам. Извлекувањето ќе биде во септември и добитникот треба да биде објавен на огласната табла - вели за „Фактор“ вработен во германската компанија.
Употребуван mini cooper ретко се наоѓа за купување во Македонија, но според податоците на веб-страните за продажба на половни автомобили во соседството, оние од сериското производство од 2004-та се нудат до 4.000 евра.
„Лотаријата и купувањето лозоови започна ова лето и до сега има добитници на некои споредни награди како производи од конфекцијата и летување во Грција, но главната награда е секако автомобилот, иако не знаеме во каква состојба е бидејќи никој не го возел меѓу нас, а истовремено не знаеме ниту кој му бил претходен сопственик - вели соговорникот.
До управата на „Кромберг и Шуберт“ испративме прашање за деталите од оваа „игра“, но од таму, иако ни рекоа дека ќе испратат одговор пред неколку дена, се уште не добивме објаснување.
Иако некои со подбив и скептичност гледаат на тоа, од друга страна, има и такви кои не гледаат ништо необично.
- Секогаш е забавно во фабриката и не анимираат со разни типови на игри и интересни содржини. Платите не се мали, како за Македонија, и повеќето работници верувам дека се задоволни - вели вработена од Битола.
Со оглед на тоа што не се расположени за изјава, остана неодговорено прашањето дали оваа лотарија и правно е регулирана. Според Законот за приредување игри на среќа, одобрение за повремено приредување игра на среќа издава министерот за финансии. Може да се издаде за период од девет месеци и истото не може да биде обновено во календарската година во која одобрението престанало да важи.
Инаку странски правни и физички лица не смеат да организираат игри на среќа и такви не смеат да се организираат во слободна зона.
„Кромберг и Шуберт“ во 2011 го потпиша договорот за инвестирање во Македонија, а во 2013 беше отворена фабриката во близина на Битола која сега е еден од најголемите работодавачи во Македонија.
A.K.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




