27 Април, 2024
0.0267

ЛОША ВЕСТ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА: Се соочуваме со економска криза како онаа во 2008 година?!

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Само што се опуштивме по многубројните „тензии“ и неизвесности кои го кочат развојот на економијата, и се појавија првите позитивни вести од ЕУ, особено од Германија, каде сега има малку поголем оптимизам за бизнисот во следните шест месеци, но и изјавата од Меѓународниот монетарен фонд, која потврди дека има „меко слетување“ пост-ковид-криза, нови предупредувањата доаѓаат од Европската централна банка (ЕЦБ).

Централната банка на еврозоната предупредува дека некои големи кредитори покажуваат знаци на проблеми со средствата и повикува на претпазливост во банките.

- Веќе се појавија јасни индикации дека квалитетот на имотот на значајните институции почнува да се влошува - смета професорката Клаудија Марија Бух, заменик-претседател на Бундесбанк и во тоа својство и во поширокиот состав на Управниот совет на ЕЦБ, и според текстот на говорот што ќе го одржи на средбата во Домот на еврото во Брисел, пренесува SeeBiz.

Само ова спомнување треба да ги подигне влакната на главите на банкарите и на сите други, бидејќи сеќавањето на светската финансиска криза е сè уште свежо, а Бух укажува на сличен корен на проблемот - средствата поврзани со секторот на недвижности - што беше на срцето на колапсот 2008-09 година. Тогаш колапсот на пазарот на недвижности предизвика глобална финансиска лавина.

До крајот на 2022 година, учеството на нефункционалните кредити во вкупните банкарски кредити речиси континуирано се намалуваше, а од 2023 година повторно благо се зголеми, иако остана на ниско ниво. Сепак, забележува Бах, супервизијата на кредитниот ризик неодамна се фокусираше на „чувствителни сектори“ како што е секторот на комерцијални недвижности, кој се соочува со проблеми поради високите финансиски трошоци и трошоците за изградба.

- Примерокот на банкарски заеми на компаниите за недвижности имплицира дека зголемувањето на трошоците за финансирање би можело да го удвои уделот на кредитите на компаниите загубари до дури 26 проценти - пресмета ЕЦБ во извештајот објавен на крајот на минатата година.



- Портфолијата на комерцијални недвижности во банкарските средства се релативно ограничени, што значи дека тие веројатно сами по себе нема да доведат до системска криза, но во случај на стрес на поширокиот пазар, тие би можеле да играат улога на значаен „засилувач“ - тогаш беше предупредено.

Денес банките се „подобро капитализирани и поотпорни отколку пред 10 години, кога беше основана банкарската унија, но нема простор за опуштање. Структурните промени во реалната економија, новите ризици, дигитализацијата и зголемената конкуренција можат да претставуваат предизвик за деловните модели на банките, објасни Бух, шеф на надзорниот одбор за кредитори во еврозоната.

- До неодамна, растот на каматните стапки беше од корист на банките, зголемувајќи ги нивните профити, што им дава можност да ја зајакнат отпорноста преку градење капитални резерви и еластична ИТ инфраструктура - нагласи Бух.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите