ЛОГА ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАЦАРСКА: Партијата да не се однесува како во изборна кампања
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2024 20:06
Министерот за правда Кренар Лога реагира на соопштението на ВМРО - ДПМНЕ за претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.
Остро ја осудува деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со државата.
„Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија. Како министер и како министерство сме имале период на дебати и со претседателот и Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира во јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како на изборна кампања. Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции“, се вели во реакцијата.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека празник на правдата е кога Кацарска напушта раководна позиција. Мандатот на претседателката на Уставен суд, Кацарска истекува на втори јуни, а утре ќе се избира нов претседател.
Кацарска во вечерашната Топ Тема на Телма изјави дека не се чувствува безбедна, откако претходно денеска на последната нејзина прес конференција откри два случаи во кои била нападната.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




