13 Мај, 2025
0.0436

Љутков: Не можам да исплатам нова плата без поддршка од Министерството за финансии

Објавено во: Македонија 24 Април, 2025 14:29

Добивај вести на Viber

Министерот за култура Зоран Љутков денеска во Собранието на седницата за пратенички прашања рече дека мартовската плата за работниците во културата не била исплатена затоа што се правеле нови пресметки кои ќе бидат прифатливи и за Министерството за финансии.

На прашањето на претходната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска,тој рече дека ситуацијата не може да биде сведена на тоа дури „90 отсто од буџетот на Министерството за култура да оди за плати“.

- Никогаш не сум рекол дека овој колективен договр е незаконски, туку дека нема поддршка од Министерството за финансии. Го потпшал министер кој појма немал што потпишува и не знаел какви штети ќе направи. Кога немате поддршка од Министерството за финансии, тоа значи дека средствата треба да се обезбедуваат од сопствениот буџет.

Министерството за финансии ќе ве одбие, па ќе треба да се направи ребаланс во самото министерство за култура, затоа што 90 отсто од парите ќе одат за плати а само 10 отсто за програми.

Нема правење на посебни решенија, јас бев во Македонија, не бегам од проблемите и ги решававме платите. Не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно направивме пресметка која што е достоја и законска. 

Со разни пресметки со Синдикатот, Министерството за финансии и Министерството за култура, за неполн месец дена успеавме да направиме работна група и да направиме добра проценка за исплатата која по четири години ќе ја прифати Министерството за финансииж, рече Љутков.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, од собраниската говорница рече дека до крајот на денот ќе бидат исплатени сите културни установи, сите вработени ќе земат соодветна плата.

-Исплатени се околу 87 милиони денари за плати, до крајот на денот ќе бидат исплатени сите културни установи, сите вработени ќе земат соодветна плата. Овој проблем се повторува неколку години наназад. Каде бевте вие како министер во тој момент да кажете што е проблемот, рече заменик министерот за финансии.

Поради доцнење со исплатата за месец март, Синдикатот на културата (СКРМ) претходно одржа протестен совет пред Министерството за култура. Меѓу другото, на советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување на колективните договори, транспарентност и професионално управување со културните институции, стратегија за развој на културата, како и Закон за култура со учество на културните работници во нивно изготвување.

Поддршка на СКРМ и на културните работници дадоа и од Сојузот на синдикатите на Македонија. Претседателот на СОНК Јаким Неделков го повика на средба ресорниот министер Зоран Љутков, во спротивно, како што рече, на седница на Советот ќе се одлучува за идните чекори и оти не е исклучена и одлука за штрајк поради доцнењето на платата и непочитувањето на законот и на колективните договори.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ТАРАВАРИ: Одиме во опозиција

ТАРАВАРИ: Одиме во опозиција

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило