14 Декември, 2025
0.0464

Љупчо Николовски: Кромидот не смее да биде 100 денари килограм

Објавено во: Економија 28 Март, 2023 10:31

Добивај вести на Viber

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, денеска како гостин во студиото на националниот сервис рече дека кромидот некаде достигнува цена и до 100 денари за килограм, иако реалната цена треба да биде 50 денари.
Тој порача дека неговото министерство дава поддршка и за потребата да се замрзнат цените на одредени земјоделски производи, како што тоа беше пример со белиот леб, јајцата и оризот.
„Ова е време за солидарност и единство, а не време за профитерство. Јас нема да дозволам некој да се богати на грбот на земјоделците и граѓаните. На пример, производствената цена на кромидот чини околу 20 денари по килограм за работна сила и дополнителни трошоци, што значи дека со сите трошоци на трговецот реалната продажна цена би изнесувала до 50 денари по килограм, додека сега гледаме цени и до 100 денари по килограм во продажба.

МЗШВ дава поддршка за замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот бидејќи таквото замрзнување нема да влијае во намалувањето на откупните цени“, изјави Николовски.


Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?