29 Ноември, 2021
0.0499

Лиу Ганг-Скофилд: Очекуваме голема возбуда на македонскиот пазар за новите Huawei производи

Објавено во: Интервјуа 22 Октомври, 2021

Huawei прерасна во доверлив бренд за смартфони и паметни аксесоари како смарт часовници, фитнес алки, но и лаптопи. Кинескиот бренд бележи голем раст во регионот, вклучувајќи го и македонскиот пазар со лансирање на сите најнови производи. Во пандемијата се покажа значењето на нашите електронски уреди за одржување на комуникацијата и организацијата на работата, па затоа Huawеi се потруди на корисниците да им обезбеди квалитетни и долгорочни решенија. Фактор.мк имаше ексклузивна можност да разговара со Лиу Ганг Скофилд, генерален менаџер на Huawei CBG за Бугарија и Северна Македонија за иновациите, како и плановите за нови производи.

Која е идејата зад главниот промотивен настан во Виена, што сака Huawei да претстави на европскиот пазар, кои иновации може да ги очекуваме?

Лиу Ганг-Скофилд:Во изминатите 2 години одржувавме претежно онлајн настани и онлајн состаноци. Бидејќи светот повторно се отвора, ние сме среќни што имаме можностда ги поканиме нашите медиумски пријатели и партнери на настан во живо, да се видиме, комуницираме, и да им овозможиме ексклузивен поглед, допир и користење на нов уред. Го избравме овој прекрасен град, познат по својот динамичен живот, кој ги претставува луѓето за кои се и наменети нашите нови производи - исто така модерни, стилски и полни со енергија. Виена е еден од симболите на Европа и изборот на истата уште еднаш кажува дека Европа е и ќе продолжи да биде многу важен регион за Huawei.

Кога зборуваме за иновации, инвестираме повеќе од 10% од нашите глобални приходи во истражување и развој, со цел да им обезбедиме секогаш нешто ново и возбудливо на нашите фанови. Всушност, смартфонот nova 9 што го претставивме овде, е новиот член на многу успешна серија, првпат лансирана во 2016 година. До крајот на септември 2021 година, имавме повеќе од 190 милиони корисници на nova низ целиот свет. Новиот член на семејството, nova 9, носи многу иновации - почнувајќи со специјалната Starry Blue боја и текстура, преку можноста за целосно полнење за само 38 минути, до моќните карактеристики на фотографијата и видеографијата. Nova 9 нуди навистина неверојатни опции за снимање 4K видеа - на пример, да се префрлате помеѓу предната и задната камера за време на снимање, сѐ во 4K, или да снимате истовремено со двете камери, постигнувајќи интересни ефекти на „слика во слика“ и многу повеќе.

Кои се клучните алатки на портфолиото на производите на Huawei кои вклучуваат смартфони, смарт часовници, фитнес уреди, лаптопи и итн. Колку е важен вашиот еко-систем и како ја овозможувате целосната интеграција за корисниците?

Лиу Ганг-Скофилд: Интересно прашање. Ако ги нарекувате нашите категории производи „алатки“, сите тие се важни, бидејќи сите тие нудат интелигентни решенија за подобрување на животот на корисниците. Но, поправилно е да се каже дека нашата главна алатка е тие да работат заедно. Мислам на нашата Seamless AI Life стратегија, базирана на развој на нашата HMS - платформа за мобилни услуги на Huawei. Таа не е фокусирана само на збогатување на нашето портфолио, туку на обезбедување максимална интуитивна интеракција. Во моментов, тоа е највидливо во интеракцијата помеѓу паметните телефони и лаптопи на Huawei, со нивната multiscreen collaboration - нема потреба од кабли, можете да користите датотеки, слики и апликации на двата уреди истовремено. Но, целата идеја е многу помоќна, со новиот Harmony OS, сите поврзани уреди ќе работат како еден супер уред, споделувајќи ги нивните ресурси и карактеристики.

И да разјаснам, ова не значи дека имавме за цел да создадеме затворен еко-систем, воопшто. Горди сме што нашите производи обезбедуваат максимална компатибилност. На пример, можете да ги поврзете нашите паметни часовници со паметни телефони со Android и iOS. Сакаме да им обезбедиме на корисниците целосен опсег на можности што дигиталната технологија може да ги понуди денес и утре.

Како ги опслужувате корисниците од бизнис секторот, свесни сме за последиците од пандемијата, „новото нормално“, односно реорганизацијата на работното место. Се повеќе се потпираме на технологијата, па каква е улогата на Huawei во процесот на дигитализација и поддршка на бизнисот?

Лиу Ганг-Скофилд: Пандемијатапромени многу работи за секого. За жал, сѐ уште не е завршена, затоа пред сѐ сакам да посакам на сите вас, вашите семејства и пријатели да останете здрави. Да се вратам на вашето прашање, новите начини на работа и забава доведуваат до промена на барањата за производи. Работиме напорно за да ги исполниме тие барања, да ставиме поголем фокус на CPE, компјутери, моќни таблети, како MatePad 11 со магнетна тастатура и M-Pen, поради новиотначин на работа и образование – односно, од далечина, и на паметни аксесоари, поради поголемата грижа за нашето здравје и благосостојба воопшто.

Од друга страна, пандемијата го менува однесувањето на корисниците за купување онлајн и Huawei го следи овој тренд со отворање сопствени онлајн продавници во сѐ повеќе европски земји.

Ние сме компанија фокусирана на потрошувачите, затоа би рекол дека нашиот одговор на последиците од пандемијата е ист како и нашата целокупна Seamless AI Life стратегија - да понудиме модерни, напредни производи и решенија што го подобруваат животот на корисниците.

Постои ли возбуда на пазарот во Македонија и Бугарија кој вие го менаџирате за нови производи, што вас ве мотивира да работите успешно и како се справувате со корисниците?

Лиу Ганг-Скофилд: Моето искуство овде кажува дека имате љубопитност кон иновациите, модерниот свет, а нашите уредите можат да ја нахранат таа љубопитност. Исто така, го следиме зголеменото барање за решенија за подобар начин на живот, подобрување на здравјето, и ментално и физичко. И луѓето веруваат дека технологијата може да помогне. Неодамнешниот успех на серијата Watch 3 е очигледен доказ за тоа. Веруваме дека производите што ги претставивме во Виена, ќе бидат пречекани со истата возбуда од македонската и бугарската публика.

Колку се развива маркетот на апликации Huawei App Gallery како во поглед на обезбедување на најпопуларните апликации и алатки за работа, организација и поврзувње, така и на локалните македонски апликации од финансискиот, банкарскиот, услужниот сектор и неопходните сервиси за корисниците?

Лиу Ганг-Скофилд: Од глобалното лансирање во април 2018 година, AppGallery е достапна во над 170 земји/региони, со над 550 милиони месечни активни корисници на глобално ниво, како податок до 30 јуни 2021 година, а нејзините апликации биле преземени вкупно 384,4 милијарди пати во 2020 година. Апликациите лансирани на AppGallery во 2020 година надвор од Кина забележаа зголемување од 10 пати, во споредба со 2019 година. Во моментов, HMS стана третиот најголем светски еко-систем за мобилни апликации.

Исто така, нашиот моќен пребарувач, Petal Search, е веќе интегриран во AppGallery, а резултатите од пребарувањата се проверуваат и се безбедни, така што можете да најдете речиси сѐ што барате само преку AppGallery. Обрнуваме големо внимание на локалните апликации, од давателите на услуги во Македонија, и веќе ги нудиме Telekom MK, Max TV Go, Mojot A1, A1 Xplore TV Go, m-banking by Stopanska Banka, NLB Token, NLB mKlik, mBanka Co, mBanka by Komercijalna Banka, Halkbank Mobile, CCBank Mobile MK, My Unibank, UNI Token, Lukoil Club Macedonia, Moj DDV, Grouper.mk, Rezultati, Neptun Makedonjia, и многу други.

Можеби ќе ве интересира

За два дена и Холандија ќе воведе рестрикции

За два дена и Холандија ќе воведе рестрикции

Словачка се затвора

Словачка се затвора