03 Мај, 2024
0.0314

„Лице в лице“ дружба за семејните вредности

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

На одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството во светот, 15 мај, се приклучи и уличното списание ,„Лице в лице“, промовирајќи го на неформална средба своето најново издание посветено токму на тема: семејство и семејни вредности.

Голем број на граѓани и пријатели на Платформата за активизам, „Лице в лице“ и на продавачите на единственото улично списание во земјава, денес, во Градскиот парк, ја изразија својата поддршка, и преку дружба, забава  и разговори на тема: семејство, го одбележаа овој Меѓународен ден кој во фокус ги има иницијативите за обезбедување здрав живот за сите возрасти.

Целта на денешниот настан е подигнување на свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството, и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење.

Читателите на „Лице в лице“ во новиот број ќе се сретнат и со тема за важоста на инклузијата кај семејствата со член со попреченост, а исто така, и со значајноста на вклучувањето на семејствата и на заедницата во работата на предучилишните установи и училиштето, како еден од главните елементи за постигнување подобри резултати на учениците, како и за поотворени и подемократски училишта.

Овој број донесува и блог-текст на холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп, успешна семејна приказна за семејството на Александар Матовски Цако, претставување на млади научници, дел од платформата „Наука за сите“.

Најновиот број на списанието го претставува семејството и преку дела  на нашиот познат уметник и активист, Ване Костуранов за кои, пак, наменски, стихови подготви македонската поетеса и активистка, Ана Голејшка. Автор на насловната фотографија на 20.број на „Лице в лице“ е Томислав Георгиев, а зад концептот и дизајнот стои агенцијата „Холистик“. На насловната страна е семејството Матовски. Инаку, подржувач на денешното одбележување на Денот на семејството и на изданието на „Лице в лице“ посветено на семејните вредности , е Бимилк. Светскиот ден на семејството се одбележува од 1993 година, кога Генералното собрание на ОН ги повика земјите-членки да се охрабрат да ја препознаат потребата за зацврстување на семејството како институција.  Годишното одбележување има за цел да ја подигне свеста  за улогата на семејството и семејната политика во промовирањето на здравиот живот за одржлива иднина. „Лице в лице“ го промовира моделот на социјално претприемништво кај нас ангажирајќи луѓе од најранливите категории на општеството како продавачи на списанието. Половина од продажната цена (100 денари) оди директно за продавачот, а другата половина е наменета за градење на систем за подобрување на положбата на овие лица. 25

3

qaaaa

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија