Листа на барани професии и оние од кои „нема леб“
Објавено во: Финансии 16 Октомври, 2017
Во септември во Србија најмногу се барале пекари, курири, шивачки, продавачи, портири, бравари, магационери, столари.
Барани биле и електромеханичари, готвачи, медицински сестри, економски техничари, сметководители и воспитувачи.
Доста работа имало и за луѓето во сектор финансии, математика, професори по книжевност, германски и англиски јазик, лекари, правници.
Најбрзо до работа доаѓале луѓето со високо образование, а има и такви професии за кои кадрите секогаш се вишок.
Работа нема за кројачи, обработувач за крзно, машински техничар, автолимар, металостругар, преработувачи на дрво, дактилографи, женски фризери и други професии.