14 Декември, 2025
0.5723

ЛИСИЦ! ЗНАЧИ ОВОЈ ХРИСТИЈАН СЕ ОБИДУВА ДА НЕ ПРЕЈДЕ СИТЕ ЖЕДНИ ПРЕКУ ВОДА: Јакимовски повторно распали за Мицкоски

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2023 06:59

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, повторно распали на фејсбук за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Лисиц!

Значи овој Христијан се обидува да не прејде сите жедни преку вода.

Морам да признаам дека му направиле доста добра стратегија, арно ама, забораваат дека има и политичари од времето на Тито. А таквите подготвени стратегии не од него, туку од странски замешателства ги фаќаат на бранова должина.

Нели Христијан побара гаранција за јазикот и македонскиот идентитет? Тоа беше однапред договорено, покровители на гаранцирањето беа токму Германците со гласање во парламентот. Така ли беше? Нели ви е чудно што Мицкоски го нападна Груевски дека се обидува да му направи раздор во партијата и да обезбеди пратеници за уставните промени токму во германски ФАЦ?

Стратегијата е да се нападне Груевски дека тој е предавникот што договорил дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за влез на Бугарите во уставот. На зачестениве средби со странците токму Мицкоски има договорено дел од пратениците да гласаат за измени на уставот, а за тоа да не биде тој виновен туку предавникот Никола Груевски.

Се потрудиле добро да ја осмислат стратегијата да ни глуми лисица, жртва на заговор и обид демек партијата да му се разбива одвнатре, а всушност, трговецот за уставните измени е токму тој. И тоа настапува како трговец-поединец.

Повторно користи иста тактика како за Преспанскиот договор. Таму го обвини Мијалков. Се сеќавате нели? За влез на Бугарите во уставот ќе го обвини Груевски, а тој демек ги чувал македонските национални интереси, ама постојано го поткопувале уценети бивши политичари, инаку тој ќе издржел машки.' напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“