14 Декември, 2025
0.1238

Личните податоци „им ги зголемиле“ приходите од игри на среќа во УЈП

Објавено во: Економија 22 Април, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Во обложувалници се злоупотребувале лични податоци од граѓаните при подигнувањето на нивните добивки и истите биле користени потоа кога некои од нивните членови си ја подигнувале својата исплата.

Општопознато правило е дека вработените во обложувалниците не смеат да се обложуваат во филијалата каде што работат, но затоа тајно би можеле да ги користат податоците од личните документи за идентификација кои играчите мора да ги приложат и да бидат впишани за да си ја подигнат добивката.

Извештајот на Агенцијата за заштита на личните податоци покажува дека изминатата година имало голем број на поплаки од граѓани откако Управата за јавни приходи им испратила даночни пријави за потврдување со нереални бројки на добивки од игри на среќа.

Десетина инспекциски надзори во спортските обложувалници тоа го потврдиле во позначајните случаи од извештајот кога станува збор за злоупотреба на личните податоци. Во овој период почна да се користи системот е-персонален данок заради потврдување или коригирање на пополнетите годишни даночни пријави изготвени од страна на Управата за јавни приходи за приходите кои граѓаните ги оствариле во текот на 2018 година. 

За добивка од посебните игри на среќа (во казино, обложувалница, автомат клуб) граѓаните имаа обврска по истекот на 2018 годината, а најдоцна до 31 мај 2019 година, да ги потврдат или да ги коригираат податоците за приходите и платениот персонален данок во пополнетата годишна даночна пријава. Сепак, голем бил бројот на жалби дека во нивно име се исплаќале добивки од игри на среќа, а за злоупотребата дознале кога требале да ја потврдат годишната даночна пријава за 2018 година. 

„Од извршената анализа на документацијата и утврдената состојба од спроведените инспекциски надзори, може да се констатира дека спортските обложувалници немаа воспоставено интерни процедури за проверка на квалитетот на податоците на клиентите, вработените не беа информирани за заштита на личните податоци и не се водела евиденција за секој авторизиран пристап при обработка на личните податоци преку апликативниот софтвер и при директниот пристап до базите на податоци“, се вели во извештајот.

Од таму велат дека спортските обложувалници превземале корективни мерки и дека од страна на Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија е преземена иницијатива за изнаоѓање на трајно решение за верификација и ажурирање на податоците на играчите со надлежните институции, но и дека за истото ќе треба да се усвојат измени на одредени законски решенија и да се набават посебни софтверски решенија.

Вонредните инспекциски надзори главно биле фокусирани за незаконска обработка на лични податоци во спортски обложувалници. Од дирекцијата додаваат дека во легислативното усогласување не се имплементират препораките дадени во Извештајот на Прибе. Во 2019 година се поведени само четири прекршочни постапки.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?