14 Декември, 2025
0.0560

Левица: Уапсени дилери во Охрид блиски до ЗНАМ и Максим Димитриевски

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024 10:46

Добивај вести на Viber

„Левица“ во соопштение информира дека во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, за што им е изречена и мерка притвор. Според партијата, лицата биле во роднинаска врска со поранешниот премиер Бранко Црвенковски и поддржувачи на ЗНАМ и нејзиниот лидер Максим Димитриевски.
„Иако се работи за поголема акција на полицијата, иако праксата на МВР е задолжително да ја информира јавноста - МВР овој пат МОЛЧИ! Настанот е евидентиран само во Дневниот билтен, додека отсуствува било каква информација до медиумите.

Јавноста треба да знае дека се работи за лица кои се директни поддржувачи и финансиери на партијата на Максим Димитриевски, па оттука Левица јавно прашува дали Министерството за правда е доделено на оваа партија за да ги штити криминалците во своите редови кои директно ја финансираат?!

Ја информираме јавноста дека овие лица одамна ù се познати на полицијата по своите криминогени активности, но поради нивните врски со високи функционери, истите никогаш не се изведени пред лицето на правдата. Впрочем, уапсените лица се во роднински врски со џелатот на транзицијата - Бранко ЦРВЕНКОВСКИ и истите јавно ја поддржаа партијата ЗНАМ на последните избори“, соопшти „Левица“.

Од таму го повикуваат новоизбраниот министер на МВР, Панче Тошковски, да не го заташкува овој случај.


Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина