19 Април, 2024
0.0307

Левица повика на протест: Не добиваме ништо друго освен еден бесконечен пат до членство во ЕУ

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

И политичката партија Левица го повика народот на протести. Велат дека францускиот предлог, кој власта претходно го одби, а сега го прифаќа, ги содржи сите негаторски бугарски барања. 

„Прво, двете страни ќе се произнесат за македонскиот јазик по нивно видување - само за нас јазикот ќе биде македонски, додека Бугарија ќе ја афирмира својата позиција за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик! Второ, сите барања поврзани со историските прашања кои се содржат во Договорот за добрососедство од 2017 година, стануваат дел од преговарачката рамка - Бугарија ќе ја пишува македонската историја! Трето, по заслуга на европските партнери, за прв пат се предвидува Бугарија, и другите земји-членки, да можат да ставаат вето на веќе затворени поглавја - ЕУ не става во лавиринт до конечно удоволување на сите апетити на соседите!“, реагира Левица. 

Велат дека Бугарија преку ЕУ наметнува ништење на македонскиот идентитет. 

„Француската амбасадорка во Бугарија и министерката Генчовска денес со официјални изјави потврдија дека се работи за истиот предлог и дека нема никакви суштински измени во однос на бугарските барања. Алармантна е и денешната изјава на министерот Бујар Османи, кој изјави дека, доколку Владата донесе одлука за одобрување на пакетот, тогаш тој можел веднаш да пристапи кон потпишување на протоколот со Република Бугарија. Ова укажува дека Владата на СДС и ДУИ, во духот на своето владеење на хибриден режим, целосно ќе го заобиколат Собранието и насилнички ќе ја спроведат бугараризацијата по сценариото за Преспанскиот Договор! Не може ништо добро да произлезе од преговори со земја која не признава македонски народ, македонски јазик и македонско малцинство. Не може ништо добро да произлезе од нерамноправни преговори во кои едната страна има можност да ја уценува другата.Ова го покажаа преговорите со Грција и Преспански договор. Република Македонија, под уцена и заплашување неколку пати го менуваше Уставот, се откажа од малцинството во Грција, прифати референца и го смени државното знаме. Тоа сепак не беше доволно, па и покрај добиениот спор пред Меѓународниот суд на правдата, повторно бевме блокирани и уценувани, што доведе до прифаќање на Преспанскиот договор, со кој Македонија, менувајќи го Уставот го смени и уставното име и драстично ги загрози националните интереси и идентитетот на македонскиот народ. Сепак, според грчкото МНР, македонската нација и понатаму е „измислица на Тито“ - што значи нови блокади во идните преговори со ЕУ“, додаваат од Левица. 

Наведуваат дека со прифаќање на овој нацрт-Предлог, и со евентуалниот старт на преговорите, ние не добиваме ништо друго освен еден бесконечен пат до членство во ЕУ, во кој Бугарија има безброј можности повторно да нè блокира и уценува, дури не ги прифатиме сите неприфатливи услови и гледишта во однос на македонскиот народ, јазик и историја. Затоа и првото барање е да биде променет Уставот.

„Со прифаќање на овој нацрт-Предлог се стимулират Бугарија и регионалните држави, да продолжат со нецивилизациски барања и напади на правото на македонскиот народ да ја одбере својата судбина! Идеите за создавање на големи балкански држави на сметка на територијалниот интегритет на Македонија, се остаток од минатиот век - тие ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на регионот, иако владините чиновници велат дека ова е во насока на нивно подобрување. Натаму води и прифаќањето на шовинистичките уцени содржани во овој нацрт-Предлог, замаскирани во прогрес, кој ни се претставува како „неопходен“, за евроатлански интеграции на Македонија, и тоа мора веднаш да запре!“, велат од Левица. 

ВМРО-ДПМНЕ веќе повика народот утре да излезе на протест против францускиот предлог. 

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне