„Левица“ го затрупа ДИК со 425 приговори денеска, ќе поднесува уште
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2020 11:48
Во вториот ден од законскиот рок за жалби и поплаки за изборни нерегуларности, „Левица“ до Државната изборна комисија денеска поднела дури 425 приговори и како што соопштуваат од партијата на Димитар Апасиев, ќе следуваат уште се до затворањето на рокот кој истекува денеска доцна попладне. Од таму сметаат дека им следуваат уште три пратенички места, по веќе освоените две по прелиминарните резултати.
„По бројните нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и фалсификати, Политичката партија Левица - преку овластеното лице во ДИК - досега поднесе 425 ПРИГОВОРИ за нарушување на изборниот процес до Државната изборна комисија.
Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на Партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК.
Со овие манипулативни активности директно е оштетена Политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани.
Дополнително, ја известуваме јавноста дека поднесувањето приговори ќе продолжи и во текот на денов, се до завршување на законскиот рок од 48 часа!“, гласи соопштението на „Левица“.
ДИК во недела, понеделник и вторник ќе одлучува дали ќе бидат прифатени приговорите, според законски пропишаните рокови. Во текот на вчерашниот ден пристигнаа вкупно 82 приговори.Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




