12 Мај, 2024
0.0218

Лестер, Ѓоковиќ и Роналдо влегоа во „Гинис“

Објавено во: Спорт 12 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Од денес на пазарот е најновото издание на „Гинисовата книга на рекорди“, во кое место наоѓаат многу спортисти и нивните достигнувања.

Изненадувачки, шампионот на Англија - Лестер, исто така се најде на страниците на изданието, бидејќи прави најголем напредок во рамките на две последователни сезони во Англија. На крајот на кампањата во 2014-2015 „лисиците“ завршија на 14-тото место во своето деби во елитата, а во следната сезона ја освојуваат титулата.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е награден за тоа што е најследениот спортист на Твитер со 47,4 милиони следбеници.

Тенисерот Новак Ѓоковиќ пак заработил од наградни фондови рекордни за една година 14.600.200 фунти, остварување во 2015 година.

Голманот на Арсенал, Петер Чех пак е горд носител на рекордот од 181 натпревари во Премиер лигата без примен гол, а Герет Бери од Евертон запишал 580 натпревари во англиската елита досега - повеќе од било кој друг. 

Сите беа наградени со специјални плакети.