ЛЕКАРИТЕ ВООПШТО НЕ ГО ПРЕГЛЕДАЛЕ: Шефот на грчката железничка станица неколку часа по трагедијата добил боледување
Објавено во: Балкан 08 Март, 2023 17:26
Шефот на железничката станица во Лариса по чија вина се судрија два воза и загинаа 57 луѓе, добил боледување без да го прегледа лекар. Тоа се случило неколку часа по несреќата.
Грчките медиуми пишуваат дека 59-годишниот шеф на железничката станица во Лариса,
кој е обвинет за несреќата добил боледување од двајца
лекари од Волос, само неколку часа по трагедијата.
Двајцата лекари се суспендирани и за нив е почната дисциплинска постапка. Тие му дале 30 дена боледување на шефот без преглед. За настанот истрага отвори и Министерството за здравство.
Десетици илјади луѓе денеска маршираа во главниот град Атина и во градовите низ Грција, протестирајќи поради смртта на 57 патници во трагичната железничка несреќа.
Работничките синдикати и студентските здруженија излегоа на демонстрации, а штрајковите ги запреа траектите до островот и јавните транспортни услуги во Атина, каде што протестираа најмалку 30.000 луѓе. Судири имаше во Атина и уште два града. Демонстрантите направија штети на продавници, автобуски постојки, а запалија и комбе.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




