Лекари, негуватели, шалтерски работници-Филипче започнува со масовен скрининг за Ковид-19
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2020 13:45
Министерот за здравство Венко Филипче само што објави на својот профил на ФБ дека од следната недела започнува масовен скриниг на населението. Ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.
Скринингот ќе се прави со PCR тестови и ќе овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови.
Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во понатамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус.
Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку „Мој Термин“ ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите на системот на дневна база. Брисевите ќе се земаат во постоечките пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории.
Стратегијата на Министерстовото за здравство од почетокот на епидемијата беше да се тестираат пациенти со симптоми. Таа даде исклучително добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација, што беше наша примарна цел. Намалениот број на тестирања изминатите денови е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




