14 Декември, 2025
0.0478

Лавров: Зеленски презентираше уште еден доказ за заканите на Киев

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022 12:02

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, рече дека референцата за превентивен нуклеарен напад што украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја испрати до западните земји е уште еден доказ за заканите за руската безбедност, поради како што потенцираше „беше започната специјалната воена операција.

- Вчера, Зеленски ги повика своите западни земји да извршат превентивен нуклеарен напад врз Русија, што на целиот свет му презентираше уште еден доказ за заканите што доаѓаат од режимот во Киев, со цел да се неутрализира порадишто беше започната специјалната воена операција – рече Лавров на четвртиот состанок на комисија на Генералниот совет на партијата Единствена Русија за меѓународна соработка и поддршка на сонародниците во странство, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската дипломатија за време на своето обраќање го предупреди Вашингтон на непромислена поддршка за Киев и вмешаност во конфликтот.

- Уште еднаш ги предупредуваме Соединетите Држави и другите спонзори на режимот во Киев од сè подлабоко мешање во ситуацијата како страни во конфликтот - рече Лавров.

Лавров, исто така, истакна дека Вашингтон и „неговите вазали“ се обидуваат да ја „искриват реалноста и позицијата на Русија“ и имаат за цел „да ја заплашат меѓународната заедница, да го принудат нејзиниот разумен дел да го следи неуспешниот курс на несовесна поддршка за Киев во сите негови авантури“, пренесува „РТВ.рс“.

Претходно, Зеленски, говорејќи во Институтот Лови во Австралија преку видео врска, рече дека НАТО треба да изврши „превентивни“ напади врз Руската Федерација, а не „да чека руски нуклеарни напади“.

Подоцна, прес-секретарот на Зеленски, Сергеј Никифоров, објасни дека тој не повикува на употреба на нуклеарно оружје против Руската Федерација, туку мислел на превентивни санкции.

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела