Лани државата за 17 отсто ги зголемила приходите од даноци
Објавено во: Економија 31 Јануари, 2023 14:21
Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, пред јавноста ги сподели првичните информациии за собраните даночни приходи во текот на 2022. Ланската година биле наплатени 104 милијарди денари од даночните обврзници, што е за некаде околу 17 отсто повисока наплата од 2021.
- Во делот на данокот на добивка имаме собрано 45 отсто повеќе од 2021, а данок на личен доход имаме повеќе за 16 проценти. Наплатата на ДДВ е поголема за 11,3 проценти во споредба со една година претходно, рече Лукаревска.
Како поврат на ДДВ кај правните лица бројката е 44,7 милијарди денари. Според Лукаревска,м тоа се за 43,3 проценти поголеми бројки за една година и за над 70 отсто повеќе средства во однос на 2020 и 2019.
Според Лукаревска навремениот и ефикасен поврат на ДДВ за правните лица овозможува подобрување на ликвидноста на фирмите, а тоа е она што го бараат и меѓународните финансиски институции.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




