ЛАБОРАТОРИЈАТА „БИОТЕК“ ВЛЕЗЕ ВО „РЕПЛЕК“ - сега имаат 6,3 отсто од капиталот во компанијата, акциите ги купија од Туџарова
Објавено во: Економија 07 Септември, 2023 07:32
Фармацевтската компанија „Реплек“, како што и се очекуваше, се огласи околу неодамнешните две блок трансакции со нејзините акции, во кои вкупно беа истргувани 7,4 проценти од акциите, за вкупна сума од 2,12 милиони евра.
Она што е главна новина од овие трансакции е дека лабораторијата „Биотек“ влегува во „Реплек“, односно таму станува нов акционер со над 5 отсто од капиталот, или попрецизно, „Биотек“ сега поседува 6,3 отсто од капиталот на фармацевтската компанија.
Всушност, „Биотек“ купиле 1.115 акции на „Реплек„, по цена од 68 илјади денари за акција, или за овие акции платиле 1,23 милиони евра.
Со тоа „Биотек“ стануваат еден од позначајните акционери на „Реплек“, на сметка на досегашната акционерка Славица Туџарова Трајковска.
Еве што соопшти „Реплек“ преку Берзата денеска во доцните попладневни часови.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, РЕПЛЕК АД Скопје објавува промена на сопственоста над 5 отсто односно компанијата БИОТЕК ДОО Скопје се стекна со 1.115 нови акции и сега поседува вкупно 1.634 обични акции или 6,3 отсто од вкупниот број на акции.
Акционер Туџарова-Трајковска Славица која беше сопственик на 2.715 акции или 10,47 отсто, продаде 1.928 акции и сега поседува 787 акции или 3,04 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во известувањето од компанијата до инвеститорската јавност преку Берзата.
Инаку, ако се види како се движела цената на последните редовни тргувања, таа е околу 80 илјади денари за акција.Душан Пецовски, кој е и претседател на Управниот одбор, е најголем акционер и тој поседува 11,98 отсто од акциите. Пецовски и отсега натаму ќе биде најголем акционер, со истиот процент акции. Неговиот брат, пак, Додека, пак, Владимир Пецовски, ќе продолжи да има на располагање 6,19 отсто од акциите.
Славица Туџарова-Трајковска, пак, се досега беше втор по големина акционер, со 10,46 отсто од акциите, но откко таа продаде значаен дел од своите акции, сега ќе има 3,04 проценти.
Компанијата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов располага со 9,38 проценти од акциите. Следува Сава Пензиски фонд со 6,4 проценти. Потоа, 6,13 отсто од акциите има трговската фирма Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје.
Како сопствени акции, пак, самиот „Реплек“ досега поседуваше 5,06 отсто од акциите.
Но, компанијта преку една од блок трансакциите докупила сопствени акции, односно 800 акции, и тоа по цена од 68 илјади денари за акција, што значи за нив платила 885 илјади евра.
Со новата трансакција компанијата ќе поседува 8,14 отсто од акциите.
Компаниите купуваат сопствени акции кога сакаат да ја штитат нивната цена или да се заштити капиталот на компанијата.
„Реплек АД согласно Одлуката за стекнување сопствени акции со откуп Број 02-2583/1, донесена на Годишно Собрание на акционери одржано на 26.04.2023 година, изврши откуп на 800 сопствени обични акции преку Македонска Берза на ден 04.09.2023 година со што вкупно поседува 2.111 сопствени обични акции, односно 8,14 отсто од основната главнина на друштвото“, се вели во известувањето што „Реплек“ го испрати до Берзата.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




