29 Април, 2024
0.2222

Квалитетно вино, добра музика и улични артисти на годинашниот Вино фест пред Веро центар

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Познати музички имиња од земјава, атрактивни бендови од странство, аниматори, жонглери и улични артисти, заедно со најквалитетните вина на винарниците од земјава, ќе бидат дел од големиот настан Вино фест 2017, кој ќе се одржува од 14 до 18 јуни на отворениот паркинг пред Веро центар.

Посетителите на фестивалот пет дена ќе можат да уживаат во внимателно селектирани сортни вина на домашните винарници по промотивни цени, во различни деликатеси, како и да се забавуваат на музика за сечиј вкус со домашни и странски имиња.Настанот ќе го отвори енергичниот Енрике Лопез со кубанско потекло, заедно со неговиот бенд „Енрике и џипси“, а по нив ќе настапи неповторливиот македонски шоумен Игор Џамбазов. Во следните денови на сцената на Вино фест ќе се појават и домашните музички имиња Дарио, Миле Кузмановски, „Љубојна“ со Џамбо Агушев, „Бета Хаус“, „Куку Леле“, Нина Јанева и „Нокаут“. Освен Енрике Лопез, дел од интернационалните гости ќе биде и фантастичната група  „Барбароса“, која пред неколку години во Скопје со својот настап ги воодушеви посетителите на уличниот фестивал „Баскер фест“. 

Посетителите на Вино фест ќе ги проследат и настапите на неколку аниматори, улични изведувачи, акробати, кои ќе се претстават со своите забавни вештини. Посетителите ќе може да ги видат изведбите на неоциркуските забавувачи „Фулософи“, огненото шоу на циркуско дуо „Мајсторот и Маргарита“, уличниот изведувач Ким Потер, како и со огромните меури од сапуница во интерактивниот настап на г-дин и г-ѓа Меур. 

Во среда и четврток настапите на музичарите ќе почнуваат од 20 часот и ќе траат до полноќ. Во петок, сабота и во недела ќе почнуваат од 21 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ. Влезот на Вино фест е слободен.  

Можеби ќе ве интересира

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА