КУРТИ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ЛИРИДОНА: Натежнуваат врз умовите и срцата на сите
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2023 20:43
За убиствата на Вања Ѓорчевска и Лиридона Адемај, не е доволно апсењето на сторителите, треба заслужени казни, вели косовскиот премиер Албин Курти.
Курти изјави дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона Адемај во Косово, мора да им се изрече заслужената казна, за таквите злосторства да не се повторуваат во иднина, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти рече дека двете убиства „натежнуваат врз умовите и срцата на сите“ во двете земји.
Тој кажа дека ставањето зад решетки на нарачателите и извршителите на убиставата на Лиридона Адемај и Вања Ѓорчевска не е доволно, туку и судовите треба да ги третираат случаите на насилство врз жени и девојчиња како приоритет.
„Неодамнешните убиства, нарачаното убиство на Лиридона Адемај од страна на нејзиниот сопруг и киднапирањето и убиството на 14-годишната (Вања Ѓорчевска) во Скопје, натежнуваат врз умовите и срцата на сите. Нарачателите и извршителите на инцидентот во Лиридона се уапсени и ставени зад решетки“, рече Курти.
Тој ја пофали полицијата како „брза како и секогаш, која дејствува брзо и со висока ефикасност“, истовремено барајќи од правосудниот систем да посвети поголемо внимание на случаите на насилство врз девојчињата и жените. Случајот со Вања го потресе регионот.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




