Курти: За членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови
Објавено во: Балкан 20 Март, 2023 19:55
Бевме конструктивни во Охрид, другата страна отфрли креативни предлози, вели косовскиот премиер Албин Курти.
Тој ги информирал странските дипломати за напредокот во дијалогот и за договорот за анексот за имплементација на Основниот договор, постигнат во Охрид на 18 март.
Од кабинетот на Курти тврдат дека т.н Отворен е патот за Косово да стане членка на Советот на Европа и на Европската унија.
„Во однос на членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови од земјите-членки, додека правниот оддел на Советот потврди дека не постои законска пречка за полноправно членство во оваа важна организација“, се наведува во соопштението.
Повеќе од 10 часа во саботата траеја разговорите на Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ со европските политичари Мирослав Лајчак и Жозеп Борел.
„Косово и Србија треба веднаш да почнат со спроведување на Договорот и да ги земат како позитивен пример односите меѓу Северна Македонија и Грција“, порача специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Постигнатиот договор меѓу Косово и Србија во саботата во Охрид е правно обврзувачки за двете страни од секој аспект. И двете земји ќе бидат оценувани за сработеното од Договорот.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




