КУРТИ: Српската војска беше на 50 метри од линијата со Косово
Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2024 10:04
Koсовскиот премиер Албин Курти тврди дека српската војска била на 50 метри од линијата со Косово.
Вели дека војниците „побегнале“, како што рече, веднаш штом биле забележани.
„Србија денеска повторно провоцира со преместување на своите војници на околу 50 метри во близина на граничната линија со Косово, во близина на територијата на општина Каменица“, напиша Курти на Фејсбук, пренесува порталот Косев.
Тој објави неколку фотографии на кои се гледа воено возило, како и неколку лица во воени униформи.
Односите меѓу Србија и Косово никако да се нормализираат. Лани се случи нападот во Бањска, каде српска вооружена група уби косовски полицаец, а загинаа и четири члена на групата.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




